Во последните 24 часа регистрирани се 1.074 нови случаи со Ковид-19 од 7.571 тестирање, 24 пациенти починале. Регистрирани се и 291 оздравен, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Од 1.074 новорегистрирани од Скопје се 357, во Гостивар и Тетово – по 155, Куманово – 74, Кичево – 51, Струмица – 40, Дебар – 20, Струга – 27, Велес – 22, Прилеп – 21, Битола и Штип – по 17, Кавадарци – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 13, Ресен – 11, Охрид и Кочани – по девет, Радовиш, Валандово и Кратово – по осум, Богданци – шест, Берово и Македонски Брод – по пет, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пехчево – по еден.
Пријавени се 24 починати лица: шест од Скопје (69г,70г,73г,76г,77г и 79г), пет од Куманово (59г,60г,67г,69г и 78г), четири од Тетово (47г,62г 67г и 68г), три од Кичево (64г,67г и 77г), двајца од Гостивар (63г и 74г), по едно починато лице од Валандово (43г), Охрид (61г), Струмица (73г), и Битола (74г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 291 оздравен пациент од: Скопје – 81, Гостивар – 80, Тетово – 38, Кичево – 32, Куманово и Дебар – по 12, Радовиш – 7, Битола и Струмица – по 6, Кавадарци и Валандово – по 3, Прилеп, Штип, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Велес, Крива Паланка и Виница – по 1.
Вкупната бројка на ковиддијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, бројката на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417.