ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израел масовно тестира деца на антитела пред почеток на учебната година

August 23, 2021 15:20
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израел започна тестирање на деца на возраст меѓу три и 12 години за антитела на Ковид-19, сакајќи да испита колку развиле имунитет на коронавирус без вакцини пред почетокот на учебната година.

И покрај зголемениот број на новозаразени со делта сојот, израелската Влада инсистира дека сака да избегне повторно затворање на училиштата.

Израел веќе започна да вакцинира деца на возраст од 12 и повеќе години.

Националното серолошко истражување се фокусира на деца на возраст од три до 12 години, кои, поради нивната возраст, се уште не можат да примат вакцина, а нивната бројка во Израел изнесува 1,5 милиони.

Целта е да се открие колку деца развиле силна заштита од антитела откако го совладале вирусот без симптоми, соопшти Министерството за образование.

Децата со доволно количество на антитела нема да мора да бидат ставени во карантин по контакт со заразени лица.

Во вчерашното соопштение, градоначалникот на Ерусалим, Моше Леон, ги повика родителите да ги донесат своите деца на бесплатен 15-минутен тест што се прави со вадење крв од прст.

Истражувањето е спроведено заедно од министерствата за здравство и за образование и од армијата.

Пилот програмата спроведена минатата недела, која беше главно фокусирана на православните еврејски заедници, покажа дека околу една петтина од децата развиле антитела, објави военото радио.

Генералниот директор на Министерството за образование, Јигал Словик, минатиот месец истакна дека затворањето на училиштата минатата година предизвикало „емоционална и социјална штета“ кај учениците.

Израел беше една од првите држави која започна со вакцинирање на населението минатиот декември, постигнувајќи договор со компанијата Фајзер за набавка на милиони дози вакцини во замена за споделување информации за нивната ефикасност.

Таа кампања беше поздравена како успешна бидејќи драстично го намали бројот на заразени, но Израел повторно регистрира илјадници нови случаи дневно.

Израел сега нуди и трета доза вакцина за сите лица постари од 40 години, паралелно повикувајќи ги оние кои не се имунизирани да го сторат тоа.

Досега, повеќе од 5,4 милиони од речиси 9,3 милиони луѓе во Израел се вакцинирани со две дози, а 1,2 милиони жители ја примиле третата доза./ МИА/.

Next Post

(ВИДЕО) Антиваксерка се претстави како лекар: Вирусот не постои, нема Ковид

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk