Во тек се завршните работи на надолната “flow” велосипедска патека од Средно Водно до Скопје, објави на Фејсбук, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Откако лани во октомври беше пуштена во употреба нагорната патека, сега се изведува и надолната “flow” патека, со што велосипедистите ќе можат да се качат до Средно Водно и да се симнат без да имаат контакт со пешаците. Новата втора планинска велосипедска патека ќе биде околу 3,6 километри долга и истата е предвидено да ја прати природната конфигурација на теренот, без да ја нарушува природната средина.
Двете нови велосипедски патеки се дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. Патеката ја изведува фирмата „Алианс АСЕ“ од Љубљана, Словенија, експерти за планински велосипедизам со 10 годишно искуство кои работеле на вакви патеки во преку 50 дестинации низ светот.