ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Тестот за ковид не е наменет во него да се тестира вода, туку примерок од нос или грло

August 23, 2021 13:01
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Во една од своите анализи „Вистиномер“ рецензираше пост на Фејсбук во кој се тврди дека тестот за детекција на коронавирусот излегува позитивен на вода. Овој текст го пренесуваме во целост:

Како обид за докажување на таквото манипулативно тврдење презентиран е видео материјал, во кој лица кои личат на медицински персонал од лабораторија, а кои зборуваат на шпански јазик, го спроведуваат тестот со пет капки вода, кои што ги точат од обична чешма. Откако ќе се погледне видеото, се гледа и дека втората линија на тестот, која што треба да означува позитивен тест, се појавува, бледо, но, сепак, постои. Од ова, авторката на постот заклучува дека тестот е „позитивен на вода”.

За почеток ќе потсетиме дека не е првпат вакво тврдење да се појави на социјалните мрежи, малку видоизменето. На почетокот на пандемијата, кога се појавија брзите тестови кои детектираат ковид за 15-тина минути, конспирациските кругови се обидоа да ги депласираат со користење на кока кола и други прехрамбени продукти при тестирањето. Тестирано беше и киви.

Антигенските брзи тестови се наменети да бидат користени на начин што во нив ќе се испитува примерок од човековите нос и грло, а не од храна и пијалоци кои имаат различни карактеристики. Така, кока колата што ја испитуваше австрискиот пратеник, има многу киселкаста PH вредност, која може да го оштети тестот, особено затоа што самиот пратеник воопшто при тестирањето не користеше бафер, супстанца која има за цел да ја одржува PH вредноста стабилна во текот на експериментот. Истата логика може да се преслика и на случајот со кивито.

Компаниите Сименс и Роше во Австрија ги произведуваат антигенските тестови. Роше, по спроведениот тест со кока колата, истакна:

Кока колата не е супстанца која е наменета да се тестира со овој тест и затоа не можеме да го сметаме методот за валиден. Физиолошката ПХ вредност во телото е строго регулирана на вредноста 7. Од друга страна, кока колата е многу киселкаста, со ПХ вредност 2.2 која што ги уништува поголемиот дел од протеините. Било кој тест базиран на протеини, нема да функционира со кока кола или ќе даде лажни резултати.

На ова видео може да се погледне целосното тестирање спроведено од самиот производител, кое покажа негативен резултат на ковид-19, затоа што е користен бафер. Таа супстанца се користи за да ја нормализира ПХ вредноста на примерокот.

Но, што се случува со водата и тоа што таа наводно дава позитивен резултат на ковид во видеото и постот кои се предмет на нашиот интерес? Странските проверувачи на факти веќе имаат искуство со ваквите „експерименти“ и во разговори со производителите на овие тестови добиваат објаснување дека рапидните тестови треба да се користат со примерок од носот или од назофарингсот, а не со вода, храна или течности.

Кога се користи како што е наменет, станува збор за високо точен тест, кој што помага да се детектира ковид-19 ширум светот и може значително да ги подобри обидите и напорите да се конторлира трансмисијата. Да се шират дезинформации со намерна злоупотреба на медицински производ за време на пандемија е злоупотреба и не е одговорно, изјавиле од компанијата Абот, еден од водечките лидери во САД за брзи тестови за детекција на ковид-19.

Значи, проблемот не е во тестот и неговата точност, туку тоа што не е направен со соодветен материјал, односно брис од носот или грлото.

Како што можете да прочитате на официјалната страница на реномираната Мајо Клиника од САД, вирусот кој предизвикува ковид-19 не е детектиран во вода за пиење.

Поради тоа што вирусот не е детектиран во вода и поради тоа што тестот, презентиран во видеото, е направен со несоодветен примерок, заклучуваме дека е дезинформација оти ковид тестот е позитивен на вода. Овие бизарни тестирања за коронавирус на овошје, зеленчук и други прехрамбени производи имаат за цел да покажат наводна неточност и неефикасност на ковид тестовите. Меѓутоа, без разлика на тоа каков резултат ќе покаже тестот кога во него се испитува примерок од вода, на пример, тоа не значи ништо во поглед на ефикасноста на тестот, кога се применува за скрининг или детекција на ковид-19. Тоа само значи, дека во тестот е ставен неправилен примерок, се нагласува во анализата на „Вистиномер“

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk