Пред 10 години очи ќе извадев на секој кој ми кажувасе дека треба да си вакцинирам 24 часа старо бебе со вакцина против Хепатит Б и БСЖ вакцина. Денес, после 10 години не сакам да слушам никакви теории за вакцини! Доволно сум мудра и паметна за да знам дека сум ТАПА за наука за која некој поминал 20 години во лабораторија, и некој кој последниве речиси 2 години не видел сонце работејки на мисијата за спасување на светот, пишува активистката Лиса Баута Шаќири на Фејсбук.
„Јас, еден од најстарите активисти против присилна вакцинација СЕ ВАКЦИНИРАВ. Прележав Ковид уште лани, фала Богу никого не заразив, и до скоро имав антитела…
Одлуката да се вакцинирам не ја донесов за да се заштитам себеси – мојот организам одлично се бореше против ковид, и сигурна сум дека дури и да се заразев повторно исто така добро ќе поминев, НО, сега не е време кога човек треба да мисли само на себе!!!
Не се вакцинирав ниту за да си го заштитам семејството – 90% сме или вакцинирани или прележани.
СЕ ВАКЦИНИРАВ за да ги заштитам кревките луге, знани и незнани, кои поради здравствени причини не можат да се вакцинираат. Тие со автоимуни заболувања, тие со малигни болести, сите тие кои се борат секој ден со пострашни болести од вирусов.
СЕ ВАКЦИНИРАВ за да има еден извор помалку.
СЕ ВАКЦИНИРАВ затоа што тоа го должам на секој од вас, на човештвото, и на Бога кој ме наградил со добро здравје.
Секако, вакцините имаат можни нус појави, исто како и секој лек. Свесно дозволив да влезе игла во мене, за да не влезе вирус во тебе. Можеби оваа моја вакцина нема да ме заштити ни мене ни тебе, ама јас ќе спијам мирно зошто сум презела се сто можев за да спречам… другото е ВИШ МАЈОР.
Имам доблест да признаам дека понекогаш, кога околностите се менуваат, знам да потклекнам.
Заради истата причина чуствувам гордост што научив да прифатам дека не секогаш сум во право.
Без разлика дали сте за или против вакцини, СЕКОГАШ пресметајте го ризикот. Јас сум УБЕДЕНА дека ризикот од Ковид за целото општество е поголем од ризикот за мене од една вакцина.
Нема никого да убедувам, од пред 10 години сум си ветила дека нема да дебатирам на тема вакцини.
Бидете живи и здрави, свесни и совесни, и помогнете секој на свој начин да го спасиме светот од сè сто е неубаво, па и од вирусов.
Со многу љубов ❤️“, пишува Баута Шаќири.