ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од 13 септември мерки и рестрикции за невакцинираните во Грција

Затворени простори само за вакцинирани; задолжителни рапид тестови еднаш или два пати седмично за невакцинираните вработени во јавниот и приватниот сектор, но на сопствен трошок, по десет евра од тест; задолжителен негативен тест за патување со брод, автобуси, воз или авион за невакцинираните, се дел од мерките во Грција, кои стапуваат во сила на 13 септември и ќе важат до 31 март следната година, а ги соопшти министерот за здравство Василис Кикиљас

August 24, 2021 12:53
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Затворени простори само за вакцинирани; задолжителни рапид тестови еднаш или два пати седмично за невакцинираните вработени во јавниот и приватниот сектор, но на сопствен трошок, по десет евра од тест; задолжителен негативен тест за патување со брод, автобуси, воз или авион за невакцинираните, се дел од мерките во Грција, кои стапуваат во сила на 13 септември и ќе важат до 31 март следната година, а ги соопшти министерот за здравство Василис Кикиљас, а, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас истакна дека согласно податоците од Националната организација за јавно здравје, над 90 отсто од пациентите на Одделите за интензивна нега наменети за Ковид-19 се невакцинирани и потенцираше дека нема повторно болниците да се станат само ковид центри.

Мерките што ги соопшти ќе бидат за периодот од 13 септември 2021 година до 31 март 2022 година и пред сè се однесуваат на невакцинираните граѓани.

Поконкретно, како што пренесува МИА, невакцинираните вработени во приватниот и јавниот сектор ќе треба еднаш седмично да се тестираат со рапид тест, исклучиво во приватните дијагностички центри, тестот ќе биде десет евра, а невакцинираните сами ќе си ги покриваат трошоците.

За невакцинираните вработени во туризмот, образованието, угостителство, во телевизиските, театарските, кинематографските и музичките продукции, како и за студентите задолжени се два тестови седмично, кои исто така ќе ги чинат по десет евра од тест и ќе бидат на сопствен трошок.

За учениците, задолжителни се два селф теста седмично, кои ќе бидат бесплатни.

Граѓаните кои планираат да патуваат со автобус, воз, брод или авион кон сите дестинации во Грција, а се невакцинирани, ќе треба, 48 часа пред патувањето да направат брз рапид тест, исто така по цена од десет евра.

Во однос на тестовите, Кикиљас соопшти дека од 13 септември во државните дијагностички центри, тестовите ќе бидат бесплатни само за вакцинираните или за лицата со симптоми.

За невакцинираните, за онаму каде што ќе им бидат потребни негативни рапид тестови, ќе треба на свој трошок да се тестираат.

Влез во внатрешните делови на кафулињата, баровите, рестораните, таверните, ноќните клубови, како и во спортските сали, од 13 септември ќе биде дозволен само за вакцинирани лица и за оние кои во изминатите шест месеци прележале Ковид-19.

За театрите, музеите, археолошките локалитети, како и за фитнес центрите и спортски клубови, влез е дозволен за вакцинирани, за оние кои прележале, но и за оние кои имаат негативен тест направен 48 часа претходно.

За употребата на маска, и понатаму задолжителна е во затворените простори, но и надвор доколку има гужва.

Кикиљас, потсети дека на принуден одмор, од 1 септември ќе бидат здравствените работници и вработените во болниците кои ќе одбијат да се вакцинираат, а задолжителната вакцинација се однесува и на приватни лекари и на фармацевтите.

Паралелно, истакна дека за да се стигне до посакуваниот колективен имунитет од 80 отсто, потребно е да се вакцинираат уште околу еден милион граѓани./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
фото: МИА

Попладне и утре повремен пороен дожд и грмежи

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk