ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: СДСМ денеска со нови имиња за градоначалници, потврден кредитниот рејтинг ББ – со стабилен изглед, економијата расте

August 24, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ се очекува денеска да соопшти дел од своите кандидати за градоначалници, како што соопшти минатата недела, премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите.

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.

Народната банка успешно ја одржува довербата во банкарскиот сектор, што се докажува и преку постојаниот раст на депозитите во 2020 и 2021 година, се истакнува во извештајот на кредитната рејтинг-агенција „Стандард и Пурс”, соопштуваат од Народна Банка.

Лажна вест се објавите на Република, Инфомакс и Експрес дека наводно вчера вечер пристигнале првите граѓани локално население од Авганистан во Северна Македонија, соопштуваат од Владата.

Економијата е стабилна и расте, странските инвестиции во ТИРЗ носат нови работни места и повисоки плати, велат од СДСМ. Официјалните податоци говорат дека за период од една година за осум отсто е зголемен бројот на работните места во ТИРЗ-овите.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности.

Министерство за образование и наука: Првиот дигитален учебник по математика е инклузивен, го јакне натпреварувачкиот дух и тимската работа

РЕНДГЕН: Хуман Талибанец – Нов изглед, стара сенка.

ВО ФРОНТ, Ерол Ризаов за Дојче Веле: Ако не избереш вакцина, ќе те избере вирусот. Колкава е разликата од оние што ги оштетиле бакарните цевки за довод на кислород во тетовската болница и оние кои знаеле дека се заразени од вирусот, но спокојно заминале на свадба со стотици луѓе?

Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените.

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува во следните 24 часа да одлучи дали ќе го продолжи рокот за повлекување на американските сили од Авганистан, што според неговата првична најава истекува на 31 авгус

Највисокиот човек во САД, Игор Вовковински почина од срцева аномалија на 38 години, објави неговата мајка на Фејсбук.

Ј. Ѓ.

 

 

 

Next Post

Шахпаска: Заштитата на децата од насилство е процес кој е комплексен и обединува повеќе ресорни министерства

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk