ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата на Јанша со најмала поддршка во анкетите од почетокот на манадатот

August 24, 2021 16:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Поддршката за словенечката Влада, предводена од премиерот Јанез Јанша, падна на 27,5 проценти, што е најниско ниво од почетокот на нејзиниот мандат во март минатата година, покажува редовната месечна анкета спроведена за комерцијалната телевизија ПОП-ТВ, соопшти агенцијата Медијана, пренесе МИА.

Августовската анкета покажува дека 63,9 проценти од испитаниците изјавиле дека не ја поддржуваат актуелната влада, додека 8,6 проценти не одговориле.

Иако Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша во моментов би освоила најмногу гласови на евентуални предвремени избори, нејзината поддршка опаѓа. Во моментов, 16,1 проценти од гласачите би гласале за СДС на Јанша, додека минатиот месец 18 проценти ја наведоа оваа партија како  свој избор.

Демохристијанската Нова Словенија (НСИ), која е партнер на Јанша во владеачката коалиција, би добила 5,6 проценти од гласовите, што е повеќе од 4,2 проценти во анкетата во јули, а коалициската Партија на модерниот центар (СМС) само 0,5 проценти, со што би останала под  прагот за влез во парламентот, покажуваат резултатите од анкетата.

Поддршката за опозициските Социјалдемократи (СД), главните политички ривали на Јанша, за еден месец опадна од 11,7 на 11,1 проценти, додека поддршката за партијата Левица (Л) се зголеми од осум на 8,8 проценти.

Листата Маријан Шарец (ЛМŠ), исто така, забележа пад на поддршката, при што пред еден месец за неа би гласале 7,9 проценти, а сега само 5,6 проценти.

Според анкетата на агенцијата Медијана, партијата на Аленка Братушек (САБ) е во пораст, а сега за неа би гласале 4,1 отсто.

Стагнира поддршката за Словенечката национална партија (СНС), која би добила 1,8 проценти, како и пред еден месец, додека 23,3 проценти од гласачите не се одлучуваат за кого ќе гласаат.

Next Post

Премиерката Брнабиќ ја поддржува мерката за задолжителна вакцинација на здравствените работници во Србија

НАЈНОВО

Oдбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025

Деветнаесетти „Марш на ангелите“: Нашите деца не се статистичка бројка, бараме вистинска, целосна и праведна разрешница

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk