Бебето од омотот на албумот „Nevermind” на хеви-метал групата „Нирвана“, сега го тужи составот за детска порнографија. Тужителот бара по 150.000 долари од повеќе претставници на составот „Нирвана“. Албумот е издаден пред точно 30 години, во 1991 година, а на фотографијата, Спенсер Елден е целосно гол во вода и посегнува по банкнота-мамка од еден долар. По три децении тој смета дека тоа е силна алузија за детска порнографија и проституција.
Автор: Renato Aroeira / Бразил