Иван Јовановски, член на партијата Левица, му се заканува на новинарот, активист и член на ЦИВИЛ, Петрит Сарачини дека уште малку му остана, нема кај да се скрие, пишува Цивил Медиа.
„Петрите црнa дупко, кај ќе се пикаш бе глушец, уште малку, уште трошка, дали ти е јасно дека нема да има кај да се пикнеш. Него ако, истури се, олесни се, нека, уште малце“, гласи заканата на Јовановски.
Членот на Левица, Јовановски оваа закана ја испрати преку видео порака на Фејсбук групата „Министерство за акумулирање и анализирање“ која е отворена пред неколку месеци, а каде има цела низа постови и коментари со навреди, говор на омраза и закани кон Сарачини.
Активистот Сарачини оваа закана ја објавил на својот Фејсбук профил и јавно прашува:
„Што да правам со овој лик кој е во врхушката на фашистичката Левица? Да пријавам по не знам кој пат во полиција, обвинителство и – пак да нема реакција? Или во ЗНМ, СЕММ, ССНМ, што за некои новинари дигаат аларм а за некои не, па да ме дочека пак чувството на нееднаков меѓу “поеднаквите”?
Очигледно, институционалната неказнивост, која е нотирана и во извештаи на Европската комисија и од повеќе угледни меѓународни организации, им дозволува на високи функционери, лидери и членови на партии да се закануваат на новинари и граѓански активисти. Дел од коментарите и објавите на Фејсбук групата „Министерство за акумулирање и анализирање“ се зајадливи и навредливи, но има и пораки со јасна заканувачка содржина.
Администраторите на оваа група во која има говор на омраза, закани, навреди се: адвокатот Јанаки Митровски, инфлуенсерот Иљче Затаракоски, браќата Жарко и Дарко Масларковски од Левица (инаку музичари од групата Пука козметика, Брука бенд), Дејан Игњатов сопственик на софтвер компанија…