ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Висечкиот мост „Љубљанска“ – нов симбол на Скопје, вакцинирани се околу 700.000 граѓани, 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците

August 26, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава зашто бројката постојано се менува како што вчера се откажаа дел и заминаа на други дестинации, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ – нов симбол на Скопје, најавија Заев и Шилегов. Мостот вреден шест милиони евра, ќе биде широк 24 метри и четири коловизни ленти, пешачки и велосипедски ленти од двете страни, а ќе значи нова врска и спојување на градот, граѓаните и нивна комуникација.

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.303 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.207.515 дози вакцини, а ревакцинирани се 511.989 граѓани, известуваат од Министерството за здравство.

На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места.

Политичките партии веќе започнаа со објавување на дел од кандидатите со кои ќе настапат на претстојните локални избори. Учество во изборната трка најавуваат и независни кандидати.

Заштитата од тешко заболување од Ковид-19 се зголеми на 97 проценти 16 дена по третата доза вакцина против вирусот, објави израелскиот ТВ Канал 12, пренесе МИА.

Додека во светот расте бројот на заразени и починати од Ковид-19, во повеќе земји се воведуваат построги мерки за невакцинирани луѓе, мерките за борба против пандемијата повторно се враќаат таму каде што беа укинати.

Американските здравствени регулатори би можеле да одобрат трета доза на вакцина против Ковид-19 кај возрасните лица шест месеци по целосна имунизација, наместо претходно најавените осум, објави вчера „Волстрит џурнал“.

Под посебни протоколи за заштита на населението од Ковид – 19 и без дел од традиционалните содржини денеска во Струга почнува јубилејното 60. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата.

Некои од најдобрите скопски звучни артисти и амбиентални музичари ќе учествуваат во создавањето звук за 55-от аудио-визуелен циклус на Live Soundtrack што ќе се одржи во Кинотеката.

Баерн синоќа на гостински терен го совлада Бремер во 1/32 финалето на Купот на Германија со 12:0. Клубот од Минхен ја оствари втората најголема победа во официјалните натпревари од 1965 година, кога тимот се приклучи на Бундеслигата.

Критиката на Арнолд Шварценегер кон противниците на носењето маски го чинеше загуба на голем корпоративен спонзор на претстојниот натпревар во бодибилдинг – „Арнолд класик“. Настанот е закажан за следниот месец, во Охајо.

Ј. Ѓ.

Next Post
Фото: МИА

Не се разговара за карантини или посебни огрничувања, се очекува пад на бројот КОВИД заболени

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Ќе работиме на намалување на тензиите меѓу Сеул и Пјонгјанг

October 29, 2025
Скриншот

Најмалку 50 загинати во израелски напади во Газа, меѓу нив 22 деца

October 29, 2025

Кривична пријава против поранешен директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за проневера

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk