ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протест во Атина против задолжителната вакцинација на здравствените работници

August 26, 2021 16:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Под слоганите „Здравството штрајкува“; „Не за задолжителната вакцинација“; „Не за отпуштања и принуден одмор“; „Пари за болниците“ грчката Федерација на вработени во државните болници одржаа протест пред Министерството за здравство на Грција и во центарот на Атина за да го изразат нивното незадоволство за задолжителната вакцинација на здравствените работници, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата истакнуваат дека не се против вакцинацијата, туку не се согласуваат со мерката на грчката Влада што од 1 септември стапува во сила за задолжителна вакцинација на здравствените работници, а во спротивно предвиден е принуден, неплатен одмор.

Претседателот на Федерацијата Михалис Јанакос вели дека 90 отсто од вработените во болниците имаат имунитет и сите ги почитуваат мерките без разлика дали се вакцинирани или не.

-Решени сме на секој начин и судски, да ги поддржиме нашите невакцинирани колеги. Станува збор за мал процент, кои 18-19 месеци се во првите борбени редови на Ковид клиниките, никогаш не се заразија, се грижеа за пациентите и сега ги фрлаат на улица без едно евро плата. Не сме ние виновни за лошата епидемиолошка состојба во земјата, истакна Јанакос.

Демонстрантите се собраа пред Министерството за здравство, продолжија по улиците низ Атина во обид да стигнат до премиерската палата и да побараат средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но беа спречени од полицијата.

Протестот заврши мирно и беше во рамките на петчасовниот прекин на работата организиран од Федерацијата, од каде што најавија собири и во следниот период.

Паралелно, како што вчера објави МИА, со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас и алтернативниот министер Василис Кондозаманис  од 1 септември се отповикуваат сите редовни годишни одмори на сите вработени во болниците, брзата помош, Националната организација за јавно здравје, како и во јавните установи за примарна здравствена заштита.

Дополнително, загриженост во Грција предизвикува процентот на заразени од направени тестови во 11 грчки региони, каде што е над четири отсто.

Според податоците од Националната организација за јавно здравје, во периодот од 16 до 22 август процентот на заразени од направени тестови највисок е на островот Наксос (7,7 отсто), потоа е островот Икариа со 6,9 проценти, а следат областа Илиа (6,51 отсто), островот Андрсо со 5,36 проценти, Кавала (4,89 отсто), областа Месинија каде што веќе се воведени мерки, островите Итаки и Миконос итн.

На ниво на целата држава за истиот период, од 626.108 направени тестови (ПЦР и рапид), позитивни биле 3.51 отсто.

Next Post

Член на Левица со закани кон новинарот Сарачини: Уште малку, уште трошка, дали ти е јасно дека нема да има кај да се пикнеш

НАЈНОВО

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

Касами смета дека нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

August 23, 2025

СДСМ: 4 години разочарувања – 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk