Одбраната на Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, денес изјави дека повторно е понудена гаранција за обвинетиот да се брани од домашен притвор во процесот. Според адвокатот, Еленко Миланов, понудени се 1,7 милиони евра во недвижнини и околу 200.000 евра во готовина.
Изминативе три недели, 14.096 граѓани, односно дури 83 отсто од позитивните на КОВИД не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89, додека само 11 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, наведува МЗ.
Во овој период капиталните инвестиции растат бидејќи се наоѓаме во период на градежната сезона. Моите очекувања се дека капиталните инвестиции ќе растат и очекувањето е дека до крајот на годината ќе имаме 80 проценти капитални инвестиции на ниво на држава, изјави денеска Бочварски
Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, направи увид во градежните работи на две градинки во Струмица. Го зголемуваме капацитетот на детските градинки за нови 362 места информираат од МТСП.
Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави четири нови рути од Северна Македонија до Италија, Германија и Данска. Станува збор за дестинациите од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.
Бектеши: Поддршката за компаниите кои инвестираат во време на криза продолжува, дополнително ќе влијаеме на рамномерниот регионален развој.
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 17. седница соопшти дека досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори, а потписи собрале и 30 независни советнички листи во различни општини.
Темел за сите идни реформски чекори, документ кој ќе овозможи креирање ефикасна и транспарентна институција во служба на граѓаните. Вака министерот за правда Боја Маричиќ ја претстави првата Функционална анализа за Министерството за правда на денешниот хибриден настан по овој повод.
Епидемиолошката состојба ќе биде основа какви мерки ќе има во наредните месеци кога ќе има попис и локални избори, но, ако се почитуваат протоколите нема да има проблеми, оцени министерот за здравство Венко Филипче.
Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци.
Вкупната вредност на инвестициите во главниот град за рехабилитација на патната инфраструктура изнесува 70 милиони денари.“ – извести министерот за транспорт и врски, Бочварски.
Комисијата за заразни болести го прифати барањето на Кризниот штаб на Тетово новата учебна година во средните училишта во Полошкиот регион да почне онлајн поради состојбата со пандемијата со Ковид-19.
Првата група Авганистанци, вкупно 121, рано утринава пристигна во Албанија, а на аеродромот ги пречекаа албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка, како и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким.
J. Ѓ.







