– Храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства, објави на Фејсбук премиерот Заев пред утрешното доделување на Меѓународната награда за мир на Вестфалија.
„Најголемата награда за нашиот подвиг е тоа што обезбедивме иднина за младите кои ги зближуваме.
Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа.
Уште една средба со драгиот пријател Алексис Ципрас пред утрешната церемонија по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија.“, вели Заев.“