ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Работиме на развој на туризмот во недопрениот источен и североисточен регион

August 28, 2021 13:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Работиме на развој на недопрениот источен и североисточен регион со фокус на инвестициите за развој на туризмот преку целосно искористување на природните убавини и потенцијалот на нашата држава. При посетата на Македонска Каменица  во рамки на одбележувањето на тројниот празник на градот, Заменик премиерот на Владата за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски честитајки им го денот на рударите и големиот православен празник Пресвета Богородица – заштитничка на рударите и Денот на општината најави неколку проект проекти кои ќе се реализираат во насока на развој на општината.

-Македонска Каменица не е општина која е изоставена од нашиот план за рамномерен регионален развој. Денеска, особено ме радува сознанието дека наскоро ќе биде пуштен во употреба и паркот кадешто се наоѓаме во моментов, паркот „Младост“, како заеднички напор на Општината Македонка Каменица и младите од оваа општина. Сметам дека е од исклучителна важност младите во едно општество да имаат глас, во каква средина сакаат да живеат и да им биде отстапен простор да ја креираат, впрочем како што е направено со уредувањето на паркот пред кој стоиме, рече Николовски.

Упати порака до сите носители на одлуки да се направи повеќе простор за младите со цел нивно задржување и креирање средина која ќе го овозможи нивниот развој.

Николовски воедно приликата ја искористи да ја најави инвестицијата вредна 100 милиони евра за изградбата на модерен ски-центар кој, како што додаде, ќе се гради во срцето на Осоговските планини на Царев врв како еден од петте најголеми центри на Балканот.

Заменик премиерот се осврна и на како што рече олеснувањето на секојдневниот транспорт во регионот потпомогнат преку големиот инфраструктурен проект за реконструкција на патниот правец Каменица – САСА.

-Рехабилитацијата на регионалниот пат од Македонска Каменица до Саса е исклучително важно за развој на економијата во Источниот регион посебно ако се има предвид дека овде е лоциран рудникот Саса каде секојдневно поминуваат голем број на товарни возила. До 2020 година, инвестираме приближно 23 милиони евра во модернизација на патната мрежа во овој регион со што придонесуваме за подобро живеење и развој на економијата, додаде вицепремиерот.

Оваа Влада како што дополни се грижи за секој граѓанин подеднакво, за подобри услови за живот, за подобар животен стандард изразувајки чест и задоволство, што на деведесет и втората годишнина од големиот штрајк на рударите, се наоѓа во домот на една од најважните рударски заедници во земјава, поради што како што додаде слободно во очи може да ги погледне рударите и да им каже дека Владата од која е дел ќе продолжи да ги поддржува и да ги унапредува нивните права.

-Веќе три години е на сила Законот за рударите, со кој се овозможува пензионирање без оглед на возраста на работниците. Сега рударите можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако до 2018 просечната возраст на пензионирање кај рударите беше 58 години, согласно новиот закон може да се пензионираат по навршувањето на 50 години, додаде Николовски кој по изјавите за медиумите имаше кратка средба со генералниот директор на Рудник Саса, а заедно со градоначалничката Стаменкова го посети и паркот ,,Младост”.

извор: МИА

Next Post

Заев: Празникот нѐ потсетува и на тоа дека под притисок на минливите и дневни искушенија, да не забораваме да ги споделуваме овие вредности, љубовта и радоста, заедно со добрината

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk