– Со денови ги следам ужасните коментари на социјалните мрежи, напиша активистката за човекови права Мерсиха Смаиловиќ на својот Фејсбук профил.
„Од посакувањето на смрт на Авганистанците па се до измислување приказни за нивно населување поради “исламизација” и продавање на Македонија. За нив, сите Авганистанци се терористи. Луѓето се со име и презиме, не се ни срамат ни кријат. Кога ќе влезеш на нивните ФБ профил една те иста содржина има:
*Јасна припадност кон една политичка партија.
* Против пописот.
* Знамето од Вергина.
И навистина ќе помислиш дека им пречат “мигрантите” ама ќе се сетиш дека во 2015-та, поминаа над еден милион бегалци, се изградија бегалски кампови во Гевгелија и Табановце, и сето тоа помина без ужасната ксенофобија на која сме сведоци од 2017-та. Аман бе престанете да бидете толку наивни и да ве лажат во партија. Зарем немате реални проблеми со кои се соочувате?!“ стои во нејзиниот статус.