ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска на Националната телевизија: И основните и средните училишта се подготвени за настава со физичко присуство

August 30, 2021 20:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Основните и средните училиштата се подготвени за примена на Планот и Протоколите за настава со физичко присуство од први септември. Тоа не е ништо ново, бидејќи и минатата година околу 40 % од вкупниот број ученици следеа настава во училници и за среќа немавме трансмисија на вирусот во училиште. Лани за физичко присуство беа отворени сите основни училишта за учениците од прво до трето одделение. Во помалите места настава со физичко присуство посетуваа и учениците до девето одделение, а се одвиваше и практична настава во средните стручни училишта. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, вечерва во гостување во Дневникот на Националната телевизија.

„Годинава за првпат со примена на Планот и Протоколите ќе се соочат поголемите гимназии во државата кои лани работеа исклучиво онлајн. Секако, Министерството за образование и наука е тука да им помогне во координација на целиот процес.Училиштата мора да покажат дека се на ниво на задачата. Протоколите се јасни, носење на маска во училница, постојано дезинфицирање на просториите, излегување на учениците на големите одмори во дворот за да може да ги извадат маските“, рече министерката Царовска.

Министерката истакна дека МОН и Владата ги следат највисоките интереси на децата , а тоа е да бидат во училница.

„Се залагаме за настава со физичко присуство, но и како секоја сериозна држава имаме и уште две резервни сценарија, кои ќе се применуваат, доколку се појави потреба, за што ќе одлучи Комисијата за заштита од заразни болести.  Ја имаме националната платформа за онлај учење која беше воспоставена минатата година и веднаш можеме да преминеме на онлајн учење доколку се појави таква потреба“, рече Царовска.

 

Next Post

Би Би Си: На кои начини се финансираат талибанците

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk