Младата трудница од Авганистан која синоќа во групата од 149 граѓани со авион пристигна во Македонија попладнево се породила на ГАК во Скопје.
Авганистанката родила здраво машко дете тешко 3,2 килограми. И мајката и новороденчето се во одлична здравствена состојба, информираа за Канал 5 од ГАК.