ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Намален државниот долг за 3,9 процентни поени, потребно е граѓаните да се вакцинираат

August 31, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот долг заблежа намалување од 3,9 процентни поени. Денешните објавени податоци покажуваат дека тој се спушти на ниво од 52 проценти од БДП во однос на 30.6.2021, кога беше на ниво од 55,9 проценти, односно забележа намалување од 3,9 процентни поени. Значајно е тоа што средствата што беа обезбедени на меѓународниот пазар на капитал во изминатиот период се со историски најниска каматна стапка од 1,625 отсто, информираат од Министерството за финансии (МФ).

На денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче дискутираше за податоците во врска со состојбата со вирусот Ковид-19 во нашата држава. Според министерот Филипче, стратегијата и пристапот кон вакцинацијата на Владата, досега е многу успешен. Трета седмица по ред, кај нас е најголем просечниот раст на вакцинирани граѓани во регионот

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Мирослав Томан, амбасадор на Чешката Република во нашата држава. Томан му честиташе на Заев за наградата за мир што ја доби  како нешто што е оценето за добро заслужено поради функционалните политики на дијалог во насока на изнаоѓањето решенија и општото добро.

Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај булеварот Словенија, која заедно со клучката кај Момин поток се наоѓа на едната од двете главни рути кои ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот. На презентацијата на овој капитален проект денеска присуствуваа и вицепремиерите, Фатмир Битиќи и Артан Груби, како и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Светот оди во правец целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето коишто се вакцинирани, очигледно сите свесни дека тоа е единствениот правец да го вратиме нормалниот живот, изјави министерот Филипче, во изјава за медиумите. Само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти.

Левица и нејзината пропагандна машинерија на социјалните мрежи повторно плукаат и пукаат врз повеќе од 50 невладини организации, овој пат со испуканите националистички ќор-фишеци од пред 6 години на избеганиот криминалец Никола Груевски. Замислете, сакаат да го легитимираат и релативизираат нивниот повик за бојкот на пописот, „потсетувајќи“ дека овие педесетина граѓански организации беа против идејата на Груевски за попис во 2015 година, четири години откако самиот тој го прекина пописот и му изеде на народот 14 милиони евра.

Next Post

Новите членови на грчката Влада положија свечена заклетва

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk