ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Џелал Хоџиќ нов претседател на СДА: Ќе коалицираме на локални избори со СДСМ!

August 31, 2021 23:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Hodzik
Share on FacebookShare on Twitter

Ние, како ново раководство, чувствуваме голема одговорност да ја поведеме СДА, како најважна политичка партија на Бошњаците во Република Северна Македонија, низ политичките процеси, во нови политички битки и нови политички победи, истакна Џелал Хоџиќ на денешната прес-конференција.

– Новото раководство, преку СДА, има за цел да донесе нов квалитет и свежина на политичката сцена во нашата држава. Ќе го подигнеме нивото на комуникација со јавноста, со политичките партнери, но и со политичките противници. Членството во НАТО на Република Северна Македонија, остварено преку Преспанскиот договор ќе го вреднуваме како стратешки интерес на државата, а патот кон ЕУ како голема обврска кон сегашните и идните генерации. Сметаме дека процесите на демократизација во нашето општество создаваат можност за фер политички натпревар во идеите за развој на државата и подобар живот на сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, истакна Хоџиќ.

Како најголема и историски најзначајна партија на Бошњаците, СДА и понатаму ќе се залага за реализација на правата на нашата заедница. Сакаме јавно да испратиме порака, дека сме задоволни од рамката на Уставот и законите во државата,но нашето делување ќе биде насочено кон подобрувањето на реализација на нашите права во пракса. Наша појдовна точка е: Република Северна Македонија е држава на сите нејзини граѓани!

Политички партнерства ќе градиме со прогресивните политички сили, а наши политички опоненти ќе бидат популистите и оние кои земаат примери од авторитарните режими. Пред нас се локалните избори, а СДА како автентична бошњачка партија ќе ја подржи најдобрата понуда за сите граѓани. Посебно ќе се вклучиме со поддршка во оние места каде што живеат Бошњаците, додаде тој.

„Врз основа на сработеното во изминатите четири години за бошњачката заедница, новото раководство на СДА нема дилема дека треба да коалицира со СДСМ и политиката на премиерот Зоран Заев. Новата коалиција помеѓу СДА и СДСМ претставува позитивен пресврт, кој ќе донесе добро за Бошњаците, но и за сите граѓани на Република Северна Македонија. Убедени сме дека ова е чекор напред за бошњачката заедница, но и голем чекор напред и за СДА и за СДСМ. Новото политичко партнерство претставува и зголемување на коалицијата која носи прогресивни политики, што секако е добро за сите граѓани.

Дозволeте да ги набројам аргументите за оваа одлука:

– Воведена е редовна настава на босански јазик во образовниот процес.

– Исправени се сите грешки низ институциите каде нашиот босански јазик беше погрешно именуван како “бошњачки“.

– Никогаш во минатото еден премиер немал толку посети на БиХ и Сараево во својот мандат, како што тоа го имаше премиерот Заев во изминатите четири години.

– Скопје и Сараево денес се збратимени градови.

– Овозможено е да патуваме во БиХ само со лични карти, а исто граѓани на БиХ патуваат кај нас само со лични карти.

– Взаемно се признати возачките дозволи помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

– Потпишан е договор со кој наши студенти кои ќе студираат во БиХ ќе бидат третирани како домашни, како и обратно.

– Секоја година одбележувањето и сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница, од страна на државните, но и од локалните институции, е на се повисоко ниво, како цивилизациска обврска на нашето општество.

– Изградено е ново основно училиште во општина Студеничани, за учениците од бошњачката заедница“, истакна Хоџиќ

Овие аргументи се силни и можам слободно да кажам дека на локалните избори заедно ќе настапиме со СДСМ, со мирна совест дека тоа е најдоброто за бошњачката заедница. Можам да кажам и дека после локалните избори со премиерот Заев ќе разговараме за учество и во коалицијата и на државно ниво, со цел да продолжи овој позитивен тренд за бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На сите членови и симпатизери на СДА им порачувам дека заедно ќе влеземе во нови политички битки и во нови политички победи на кои ќе можат да бидат горди. СДА е силата на Бошњачкиот народ!, додава Хоџиќ.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вистиномер: Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk