ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19

August 31, 2021 23:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото тврдење не го дава доктор по медицина.  Ваквите наводи се произволно нафрлени, без никакви  докази и немаат допирна точка со реалноста. Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа се процесира на глобално ниво. Целта на овие пријави е да се пронајдат нови несакани ефекти (евентуално) кои не се наведени во упатството за користење, пишува „Вистиномер“ во новата анализа на еден пост со видео на Фејсбук, пренесува МЕТА.мк.

Тектстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се тврди дека извесен доктор Шон Брукс, кој, според наведеното, е „специјалист за интерна медицина, со над 23 години искуство“ како и дека „испраќа страшно предупредување за експерименталната вакцина против ковид”. „Уште колку специјалисти ќе бидат игнорирани“, прашува авторот на постот и додава, атрубуирајќи го своето тврдење на Брукс, дека:
Вакцинираните ќе умрат од 6 месеци до 3-5 години, сите се стерилизирани и не можат да имаат деца.

Сите овие тврдења се дезинформации.

На 5 февруари, Американскиот колеџ за гинекологија и Американското здружение за репродуктивна медицина издадоа соопштение, со кое ги уверуваат пациентите дека нема докази оти ковид вакцината може да повлијае врз можноста да се зачнат деца, односно дека нема докази оти вакцината предизвикува неплодност.

Доктор Ив Феинберг, медицински директор на репродуктивен центар и поранешен претседател на здружение за репродуктивна ендокринологија и неплодност, вели дека има две прашања за тоа како вакцините се поврзани со неплодноста. А тоа се: што знаеме за вакцините и плодноста и што знаеме за ковид-19 и бременоста?

Мислам дека она за кое имаме многу повеќе информации е негативниот импакт на ковид-19 и бременоста, и на мајката и на бебето, отколку што имаме информации за вакцината и плодноста. Механизмот на вакцината навистина не остава биолошка можност за таа негативно да влијае врз плодноста, изјавил Феинберг. 

Но, кој е всушност Шон Брукс и дали е навистина специјалист за интерна медицина и доктор?

Прво, не е јасно на каков универзитет тој докторирал. Брукс вели дека има 48 публикации и 23 книги и дека учел медицина, анатомија и физиологија 21 година. Наспроти овие тврдења, на Интернет има многу малку информации за Шон Брукс и нема докази дека работи во полето на медицината како доктор.

Некои извори тврдат дека Шон Брукс нема докторат во медицината, туку дека работи во образование и не е медицински доктор. Титулата „доктор“ не мора да значи дека е на полето на медицината, може да е во право, литература или музика на пример.

И на Амазон има Шон Брукс, кој објавил книги од полето на образованието, но не од медицината. На 38 минута од ова видео, може да се види Брукс, како зборува за образованието во подкаст.

Истиот тој човек, во видеото кое го рецензираме, го споменува Роберт Валас Малон, американски вирусолог и имунолог, кој е критикуван во текот на пандемијата за ширење на дезинформации за ковид-19. Наспроти тоа што го тврди Шон Брукс, дека Роберт Малон ја измислил вакцината мРНК и дека сега апелира да не се користи, таквите информации се неточни.

Роберт Малон работел на полето на платформи за вакцинална технологија, но не ја измислил мРНК вакцината. Вакцината е нашироко атрибуирана како достигнување на медицинските професионалци Каталин Карико и Дерик Роси.

Точно е дека Малон работел во доцните 80 ти години на Шалк институтот за биолошки студии. Но, како што вели Реин Вербек од Гент Универзитетот во Белгија:

Иако Малон за првпат ја разгорел надежта дека мРНК вакцината може да има потенцијал, денешните достигнувања со мРНК вакцината се достигнување на колаборативни напори.

Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и такво нешто доктор по медицина не би го кажал. Тоа е произволно и нема допирна точка со реалноста, Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа се процесира на глобално ниво. Целта на овие пријави е да се пронајдат нови (евентуални) несакани ефекти, кои не се наведени во упатството за користење.

На следниот линк  може да се прочита за безбедноста на вакцините, за тоа дека и бремени жени може да ги примат по препорака на гинеколог, како и за нивниот состав.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно оти вакцините предизвикуваат неплодност, дека сите вакцинирани ќе починат за неколку години. Овие тврдења се дадени паушално од немедицинско лице кое лажно е претставено како доктор, пишува „Вистиномер“.

Next Post

Заев: Отворен Балкан се среќава со ЕУ

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk