Таа потенцира дека со тоа наставниците сега го имаат потребниот ресурс за работа.
-Сите останатите елементи за работа во овие месеци ќе пристигнуваат со тоа што обезбедуваме услови за работа на учење преку истражување, критичко размислување, донесување на одлуки тие тоа да го прават во кабинетите и да имаат можност да соработуваат со сите останатите наставници, појасни министерката Царовска.
Најави дека МОН продолжува со опремување на училиштата и продолживаат со активното инвестирање во образованието со цел за просперитет и прогрес.
Воедно информира дека во ООУ „Панко Брашнаров“ во Велес има деца кои се од ранливи категории кои добиле и опрема ,таблети, а добиле и кабинети. Таа рече дека МОН работи на пристапот до образование на секое дете, посебно на најранливите категории кои треба да добијат и најголема поддршка.
Во дворот на ООУ„Панко Брашаров“ среќен почеток во новата учебна година на учениците и наставниците им посака и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани и градоначалникот Аце Коцевски, кои денеска го посетија оваа училиште и ги разгледаа ново опремените кабинети.
Царовска во своето обраќање до присутните истакна дека сите сме среќни и задоволни затоа што конечно добивме училишта и училници полни со ученици и наствници што е најголемата среќа за еден образовен систем.
-Минатата година покажавме дека можеме да се справиме и со учење од дистанца и дека можеме да имаме следење на распоред и наставниците се справија со тоа. Голема благодарност до нив за целата поддршка, но иста така и поддршката од родителите без коишто немаше да можеме да имаме успешна учебна година, потенцира Царовска.
Додаде дека оваа учебна година наставниците ќе бидат во училница и почнуваат со физичко присуство.
-Мора да истакнам дека како министерство како Влада сме подготвени за уште две сценарија префрлување хибриден систем како што беше минатата учебна година дел од учениците во училница дел преку онлајн учење од дистанца или целосен онлајн,појасни Царовска.
-Затоа што мала неодговорност може брзо да не насочи кон промена на сценариото. Нашето најпосакувано сценарио, а и сценарио во највисок интерес на учениците, а што е во интерес на државата е децата да се во училиште.Тукму затоа како и сите развиени земји оваа учебна година се обидуваме учебната година да започне и продолжи со физичко присуство. Ако секој од нас е одговорен сметам дека ќе можеме во континуитет да го зачуваме јавното здравје и да го одржиме образовниот процес со физичко присуство во континуитет,порача Царовска.
Министерката Царовска потсети дека во овој период направиле промени и во стручното образование и во средното образование. За 6 проценти го зголемиле бројот на запишани ученици во техничките училишта и во дуално образование што понатаму дава можност тие да бидат поприлагодени и пообучени и пооспособени за пазарот на труд,или побарувањата коишто ги има реалниот сектор.
-Ги воведуваме и дигиталните учебници и тие беа предизвик и за нив многу се зборуваше во јавноста. Но тоа што го водов кај наставниците денес дека тие се среќни затоа што имаат пристап до мултимедија,затоа што часот нема да биде стереотипен.Нема да ги тераме учениците да препишуваат од учебникот,туку напротув ќе им дадеме содржини за истражување и можност преку работа да стигнат до знаење.Само таквото знаење е вистинско знаење коешто ќе им даде подобри резултати,не само на меѓународните тестирања,туку пдобри резултати во следните нивоа на образование,а со тоа ќе ги направи и многу попродуктивни граѓани коишто може да се справуваат со предизвиците на новото време истакна Царовска.
извор: МИА