Според најновиот извештај од Институтот на Јавно здравје , во текот на денешниот ден има 906 заразени, а има и 26 починати од Ковид 19.
Во текот на денот биле направени 6006 теста, односно позитивни на Ковид 19 биле 15.1 отсто од тестираните лица.
Во денешното соопштение на ИЈЗ, односно Министерството за здравство, нема прецизни информации за старосната структура на починатите лица.
Во земјата има 14785 активни случаи на Ковид 19.