Министерот за надворешни работи Бујар Османи се вакцинираше по третпат. Иако науката се уште не расчистила со оваа дилема, а за тоа нема ни формална одлука на Владата, Османи сакаше со личен пример да ги мотивира граѓаните во Тетово да се вакцинираат и да покаже со личен пример дека тој како доктор ја смета вакцината за безбедна.
Османи се вакцинираше додека дежураше во вакциналниот пункт во Тетово во трета смена, по покана на градоначалничката Теута Арифи.