ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партиите најавуваат позитивни кампањи за локалните избори

September 2, 2021 07:56
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборната кампања за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември, но партиите веќе почнаа со меѓусебни обвинувања и повици за позитивна кампања. До 9 септември тече рокот за увид во Избирачкиот список, во подрачните и канцеларии на ДИК и електронски, преку веб страницата на Комисијата. Се очекува викендов да пристигнат и првите 200 терминали за вчитување на отпечатоци од прсти на гласачите, што првпат треба да се применат на овие избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека неговата партија за локалните избори ќе води позитивна кампања, посочувајќи дека доколку другите учесници на изборите планираат валкана кампања тоа ќе биде нивен избор.

-ВМРО – ДПМНЕ нема да води валкана изборна кампања бидејќи цениме дека граѓаните се исклучително изморени од калта која што ја содржи ова наше политичко мочуриште. Граѓаните сакаат да слушнат надеж и решенија за нивните проблеми. Доколку некој од другите учениците на изборите планирана да води валкана кампања, односно со ниски страсти со многу навреди и со многу лоши работи, тогаш тоа е нивна одлука, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Политичата академија со Конрад Аденауер.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ сакаме да се претстави во што подобро светло пред граѓаните со проекти, со визија, со стратегија, со реформи, борба против криминалот и корупцијата.

– Тоа е нашата цел на овие избори да ги одмориме граѓаните од нашата глупавост во ова политичко мочуриште, да понудиме надеж, изјави Мицкоски.

За крајот на оваа недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави седници на Централниот и на Извршниот комитет и ќе бидат соопштени дел од преостанатите кандидати за градоначаници.

-Нема да брзаме. Имаме уште неколку дена пред нас, за консултации внатрешни и цениме дека овие 56 имиња се далеку посупериорни од оние што ги понуди нашиот политички противник, рече Мицкоски.

Што се однесува до Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ целосно ја поддржува, и со својата структура застанува позади идниот градоначалник на Скопје, најпрво во реализација на проекти за Скопјани, а потоа и во се останато.

За локалните избори најави како што рече, „историски револуционерна програма“ во која што ќе има многу проекти кои се во интерес на граѓаните

-Ќе промовираме транспаретни, отчетни и еко здрави средини и општинии во Македонија и тука секоаш сме биле неколку чекори пред нашите противници, рече Мицкоски.

За кандидатите на СДСМ, рече дека нема да ги коментира, но она што најмногу, како што рече, го допрело се градоначалниците на најголемите пелагониски општини Битола и Прилеп, каде според него СДСМ го признала поразот.

Владејачката СДСМ исто така најавува дека ќе води позитивна кампања, што го докажале во низа циклуси на избори

-Имаме одлични резултати кои што се постигнати во изминатите четири години со реализирани над 7.000 проекти. Фокусот на оваа кампања секако ќе биде интересот на граѓаните. Црнила, мракови, лажни вести, деструкција, блокади, кочници, злоба, етикетираање тоа е се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е партија која што воопшто не е реформирана и секако и во оваа кампања не може од нив да очекуваме ништо повеќе, изјави портпаролката на партијата Богдака Кузеска.

Кузеска, коментирајќи ја изјавата на Мицкоски и меѓусебните обвинувања за говор на омраза во пресрет на локалните избори, рече дека СДСМ апелира до опозициската партија да се однесуваат конструктивно и да се вклучат навистина во позитивна кампања.

-Ние зборуваме за ширење на лажни вести, зборуваме за деструкции, зборуваме за блокади, зборуваме за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што јавно се декларираат, зборуваат дека се антиваксери и кажуваат дека нема да примаат вакцина. Значи тоа не е обвинување, тоа е еден апел уште еднаш да се однесуваат конструктивно и да се вклучат навистина во позитивна кампања не само за локалните избори и не само за избори, туку да се вклулчат во сите процеси кои што сте добри и се од интерес на граѓаните и на државата, тогаш може да се најде заеднички јазик, рече Кузеска на прес-конференција во партијата.

СДСМ досега за локалните избори утврди 69 кандидати за градоначалници, кои, како што нагласуват од партијата, се докажани кадри, угледни и препознаени во нивните средини. Дел од нив ќе се борат за втор мандат, но една третина се нови лица кои досега немале можност да учествуваат во локалната власта, но се докажале во своите сфери на делување. На Коалицијата предводена од СДСМ се приклучи Странката за демократска акција на Македонија (СДА).

Локалните избори во Северна Македонија се закажани за 17 октомври. Кандидатските листи за изборите треба да се поднесат до Општинските изборни комисии до 11 септември. Кампањата ќе почне на 27 септември. Кампањата и изборите ќе се одржат со почитување на мерките за заштита од Ковид-19. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Изложба на Верим Зендели во КИЦ – Истанбул

June 18, 2025

Бранителот на Велибор Манев бара ослободителна пресуда за убиствата, а осудителна за грабнувањата на Вања и Панче

June 18, 2025

Заврши четвртиот Фестивал на инклузија

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Како аналитиката го убеди Клоп да го одбере Салах пред Брант за дресот на Ливерпул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk