ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК ги презеде првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи

September 3, 2021 16:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Државната изборна комисија денеска ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори. Во следниот период со овие терминали ќе се вршат обуките, а до 1 октомври треба да дојде и последната пратка и да се комплетира бројката на терминали и целосната дополнителна опрема.

-Двестоте терминали кои се прва пратка од Германија стигнаа денеска. Тие ќе ни послужат за обука во следните месец и пол дена. Ќе треба да се обучат избирачките одбори. Прво ќе треба да се обучат обучувачи на тие избирачки одбори и поради тоа овие уреди ќе бидат полнети со фиктивни податоци од тие кои се присутни таму. Ќе се пробува како се ракува со нив за да може да бидат подготвени на денот на гласањето, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Тој најави дека следните четири пратки ќе бидат од по 950 терминали, како и дека во третата пратка ќе биде и софтверот за полнење и празнење на овие терминали, а како што рече, ќе бидат сукцесивно испорачувани во наредните четири недели, секоја недела по 950 со тоа што третата недела ќе дојде со таа пратка и софтверот.

-Значи, во многу поголеми пакувања ќе бидат, така што таа динамика е договорено и писмено и ќе се оствари многу прецизно со плус/минус ден – два во отстапување во случај на доцнење, на проблеми со технички документации итн. Меѓутоа, се ќе биде спроведено како што беше кажано. Очекуваме да се исполни и тоа дека на 1 октомври ќе дојде и последната пратка. Меѓутоа, може да задоцни два-три дена што не значи ништо во целосниот процес бидејќи тие треба да бидат наполнети со 13 октомври, а некаде на 15 октомври ќе бидат однесени до општинските изборни единици за да се поделат на избирачките места за гласање, појасни Даштевски.  

Тој е уверен дека се што било кажано ќе биде реализирано, бидејќи, како што рече, се работи за сериозна компанија.

Според претседателот на ДИК,  земјава не направила пилот програма во неколку општини од која би можело да се види како тоа би функционирало, поради што, како што рече, се било прецизирано во најмали детали за да не се појават проблеми на денот на изборите.

-Ние се обидовме сите детали да ги прецизираме, да биде се направено како што треба пред да започне процесот и се надевам дека ќе биде во ред. Е сега за денот на изборите не можам ништо да кажам бидејќи не се знае, првпат е и сметам дека ќе помине добро, ама да причекаме, истакна Даштевски.

На прашањето дали оваа опрема ќе придонесе да се зголеми довербата во изборниот процес кај граѓаните, тој истакна дека одлуката за нејзина употреба била токму од тие причини.

-Одлуката е донесена со консензус на сите политички партии, во Собранието е помината со консензус. Сметам дека штом сите мислат дека треба да се гласа со нив, а веќе законот во таа насока е изменет пред две години и се става како законска обврска, ние мора да ја спроведеме таа обврска без оглед на тоа каков ќе биде резултатот. Одлуката е донесена во согласност со сите партии поради тоа што се верувало веројатно дека ќе бидат изборите потранспарентни и дека ќе обезбедат подемократски процес, рече Даштевски.

Тој напомена дека покрај 4000 терминали има набавено дополнителна опрема со нив како што е термален скенер, термален принтер, каблови, сервер, батерии таму каде што нема струја да може да работат 24 часа.

-Податоците во нив ќе бидат криптирани, ако сте информирани знаете дека криптирањето е најскапа операција. Покрај опремата, ние купивме и услуги тие да бидат тука и да го завршат процесот до крај, бидејќи нашите инженери не ја познаваат оваа опрема и тие може само да соработуваат со нив. Значи, купена е и услуга која ќе биде од доставувањето до завршувањето со обуките и со денот на изборите се да биде како што треба, рече Даштевски. 

извор: МИА
Next Post

Бочварски: Продолжуваме со силна изградба на автопатот Кичево -Охрид

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Војната со Иран се префрла на море: Шест бродови погодени во Персискиот Залив – расте ризикот за светската нафта

March 12, 2026

СДСМ: Срамна изјава на Мицкоски – ги нарече хистерични работниците кои бараат 600 евра плата

March 12, 2026
Илустрација Фронтлајн

Зошто Лавот сака да блесне – храброста да се биде виден

March 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Meta ја купи Moltbook – социјалната мрежа за AI ботови за која сите зборуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина актерот Кирил Поп Христов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 11 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk