МЗ: Смртноста на пациенти со ковид најголема во градовите со мал процент вакцинирани. Во Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово кадешто опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61 процент, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19 отсто вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37 проценти. Слична е состојбата и во Гостивар.
Д-р Мехмедовиќ: Кај заразените од делта-сојот дури за четирипати е зголемена потребата од интензивно лекување. Според него, дополнителен проблем за црната ковид-статистика се и невакцинираните граѓани.
Царовска: Нема интерна трансмисија во ниту едно училиште, покажувањето со прст нема да донесе добро никому. Епидемилошките служби како и Државниот санитарен инспекторат се на терен. Кои ученици и училишта се таа информација ја имаат надлежнисте. Имаме само 14 позитивна случаи кои немаат интерна трасмисја, но тоа е 0,01 процент од сите ученици во земјава, изјави Царовска.
Актуелните мерки за влез во Грција продолжени за уште една седмица. Документ поврзан со Ковид-19, пополнет PLF формулар и задолжително тестирање при пристигнувањето во земјата за оние кои од Северна Македонија патуваат во Грција со негативен тест, се актуелните мерките за влез кај јужниот сосед, што се продолжени за уште една седмица со одлука на грчката Влада.