Премиерот Зоран Заев вели дека сите информации укажуваат на тоа оти Бугарија заедно со претседателските во ноември ќе има и нови трети парламентарни избори и се надева дека по нивното завршување ќе биде формирана нова бугарска Влада, со која ќе може да се разговара за да се најде решение и да се одблокира процесот на почеток на преговори на Северна Македонија за членство во Европската унија.
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 2 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. 83% од новите случаи и 87% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани, велат тие.
Имаме успешен старт, така што сега преостанува само доследно да продолжиме да се придржуваме до планот и протоколите за да ја одржиме наставата со физичко присуство, бидејќи повеќе од јасно е дека тоа е најдобрата опција во интерес на учениците. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на ОУ „Ацо Шопов“ во населбата Радишани во Бутел, заедно со градоначалникот Велимир Стојковски.
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека со промовирање на досега сработените проекти по реакциите во јавноста за предвремена кампања за локалните избори не се прекршува законот и оти сакаат да им предочат на граѓаните нешто позитивно на што се работело за време на падемијата.и 87% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани, велат тие.
Градоначалникот на Скопје и кандидат на локалните избори за уште еден мандат денеска одговори на нападите на опозицијата потврдувајќи дека неговата семејна куќа во фаза на, како што кажа, реконструкција, но нападите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лага додавајќи дека ќе почека да види до каде ќе оди лагата а потоа ќе ги презентира сите документи.
М. М.