ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Реновираниот Бит-пазар се враќа на скопјани

September 3, 2021 12:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на  реконструираниот Бит-пазар, еден од најпосетените пазари во Скопје. На отворањето на оваа значајна инвестиција на Скопски пазар АД Скопје присуствуваа и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и генералниот директор на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев.

-Дозволете да му честитам на инвеститорот АД Скопски пазар, а воедно и да се заблагодарам за нивната инвестиција на Бит-пазар, како најголем и најфреквентен зелен пазар во Скопје. Оваа инвестиција е од огромно значење за нашиот град, бидејќи претставува огромен чекор напред во уредувањето на овој простор кој овозможува подобри услови и за пазарџиите и за граѓаните кои секојдневно ги користат нивните услуги.

Градот Скопје заедно со Општина Чаир, неколку надлежни институции на централно ниво, Комората на трговци на Република Северна Македонија и Еснафот на Старата скопска чаршија, подолго време се обидуваме да воспоставиме ред на јавните површини, а пред се тротоарите и велосипедските патеки. Овие наши напори опфаќаа ослободување на тротоарите и велосипедските патеки, нивна реконструкција, поставување на нова урбана опрема, жардиниери, заштитни столпчиња, како и обнова на зеленилото на булеварот Крсте Мисирков, кој го реконструиравме од „Мавровка“ до Бит-пазар.

Тоа го правевме за да развиеме партнерски однос со сите засегнати страни, трговците, муштериите, но и учесниците во сообраќајот, пред се, тука мислам на пешачкиот и на велосипедскиот сообраќај. Ваквиот партнерски однос успеавме да го воспоставиме уште тогаш, а оваа инвестиција е само едно големо поместување напред во насока на подобрување на просторните услови во овој дел од градот – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој изрази уверување дека просторните услови на новиот објект на Бит-пазар ќе овозможат непречено одвивање на трговската дејност на сите заинтересирани субјекти кои и досега го користеа овој пазар.

-Скопје е град за сите и искрено се радувам на секоја инвестиција која овозможува подобрување на условите во кои секојдневно функционираат нашите граѓани, независно на кој дел од градот му припаѓаат и независно во која општина живеат – нагласи Шилегов.

Next Post

Нема предвремена кампања за локалните избори, се е законски, тврди Заев

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk