Најголем „споменик“ од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Јакимовски во Карпош е агресивната урбанизација и бетонизација на Тафталиџе, изјави денеска актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев.
„Денеска имаме случај (кај гимназијата „Здравко Цветковски“) каде што бришеме 2 маркици за станбени згради од државно земјиште и планираме зелени површини, со цел да се намали штетата во тој дел од Карпош.
Граѓаните се уморни од политички обвинувања, но фактите и вистината не смеат да бидат заборавени“, изјави Богоев.