Во модуларната болница во склоп на велешката болница која поради напливот на Ковид пациенти повторно беше ставена во функција, вчера беа хоспитализирани четири пациенти, а денеска осум пациенти со Ковид-19.
Вкупно се хоспитализирани 58 пациенти, од кои 49 се потврдени позитивни, пет сомнителни и четири пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 32 пациенти.
– Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.
Починат е маж на 72-годишна возраст од Велес, позитивен, невакциниран, лекуван три дена на Инфективно одделение. Тој е 187 жртва во Велес и велешко од почетокот на Ковид пандемијата.
На Инфективното одделение се лекуваат 46, во Модуларна болница се лекуваат осум и на Интерното одделение четири пациенти.