ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Приведениот дипломат бил испратен во Мисијата на ОБСЕ кога со МНР раководел друг министер, вели Димитров, 21 починат од ковид 19

September 5, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вистиномер: Мицкоски недоследен во изјавите кога и зошто се вакцинирал. Мицкоски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа даде изјава за неговиот вакцинален статутс, која ја оценуваме како недоследна. Тој, во емисијата, која се емитуваше на 1-ви септември, изјави дека ден претходно се вакцинирал против ковид-19 заедно со неговата сопруга во салата Борис Трајковски и дека тоа го направил затоа што бил принуден поради рестриктивните мерки воведени од Владата.

Димитров за уапсениот дипломат: Во 2019 година се добиени првите индиции, но немаше потерница или пресуда. За разјаснување на дипломатскиот скандал и во интерес на точно информирање на јавноста, укажувам на следниве факти и информации за односниот дипломат: Тој бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во Виена во 2015 год., кога со МНР раководи друг министер. Неговото барање за продолжување на мандатот е одбиено од моја страна.

Д-р Докиќ: Граѓаните со висока температура да не чекаат со денови, веднаш да одат на лекар. Особено важен фактор е нивото на сатурација во крвта, ако гледаат дека паѓа, веднаш треба да се обратат со барање за хоспитализација, навременото доаѓање  на лекар. Тоа може да превенира смрт“, рече Докиќ.

Регистрирани 459 нови случаи, 21 починат како последица на ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171.

Се полни модуларната болница во Велес. Починат е маж на 72-годишна возраст од Велес, позитивен, невакциниран, лекуван три дена на Инфективно одделение. Тој е 187 жртва во Велес и велешко од почетокот на Ковид пандемијата.

Груби со апел граѓаните масовно да одговорат на пописниот процес. Повикувајќи за помасовна регистрација, првиот вицепремиер Груби, исто така истакна дека нашите сограѓани кои живеат во дијаспората и кои не ја исполниле оваа обврска се уште, треба да продолжат да го направат тоа затоа што до крајот на месецот можат да го направаат онлајн, исто како што се регистрирани другите досега, наведуваат од Кабинетот на министерот.

Во Тетово заврши изградбата на затворен базен со средства од Агенцијата за млади и спорт. Салата на базенот има димензии 20 со 30 метри со површина од 600 метри квадратни. Има соблекувални за момчиња и девојчиња, тоалети и туш кабини. Главниот дел во кој е сместен базенот е долг 25 метри, широк девет метри и длабок од 0,80 до 1,20 метри.

Талибанците сакаат дипломатски односи со Германија. Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека Берлин може да ја продолжи помошта за развој за Авганистан, но еден услов е Талибанците да формираат широка влада. Другите се дека треба да обезбедат да не ги засолнат терористите, да ги почитуваат човековите права, а особено женските права.

И. Т. З. 

Next Post

ЦУК: Пожарот на Галичица во најголем процент е локализиран

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk