ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Албанија задолжителна вакцинација и за администрацијата, полицијата, фармацевтските работници

September 5, 2021 12:59
in ДЕНЕС, РЕГИОН

По задолжителната  вакцинација против Ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, албанското министерство за здравство најави дека истото ќе важи и за вработените во  администрацијата, полицијата, вработените во аптеките  и лабораторите. 

-Напливот на новозаболени, главно со Делта сојот, посебно кај помладата популација, услови проширување на опсегот  на задолжителна вакцинација на групите кои се најзагрозени од ширењето на инфекцијата. Најпрво тоа го направивме за медицинскиот персонал, универзитеските работници и студенти а сега ги опфаќаме и вработените во админстрацијата, полицијата,  фармацевтските работници и лаборантите, изјави Еугена Томини, заменик министерка за здравство.   

Додаде дека очекуваат во текот на овој месец, кој е отворен месец за вакцинација, оваа категорија граѓани да се имунизираат и до 30 септември да го достават сертификатот во нивниот колектив а за студентите во канцелариите определени од високото образование копија од картичката за вакцинација издадена од е-Албанија. 

Томини упат апел до граѓаните за што помасовен одзив за имунизација со цел „ да се обезбеди поголема вакцинална покриеност  и да не се дозволи циркулација на мутациите на опасниот вирус“. 

Епдемиолошката состојба во земјата не стивнува, поради што од вчера во функција е ставена и болницата Ковид 3 а се поготвуваат да почнат со прием на пациенти и регионалните болници. 

Според последните, вчерашни, податоци од ресорното министерство опасниот вирус бил потврден кај 984 лица или 100 повеќе од претходниот ден, што е над 16 отсто од тестираните. Како последица од заразата починале четири лица. Активни на болеста се 11.628, хоспитализирани се 106, од нив 19 во многу тешка состојба. /МИА/.

Next Post

МОН: За првпат се печатат учебници со Брајово писмо, се обезбедува подеднаков пристап во наставата за учениците со оштетен вид

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk