ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши церемонијата за устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј

September 5, 2021 12:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Во манастирот Цетиње заврши церемонијата на устоличување на митрополитот црногорско-приморски  Јоаникиј што почна со задоцнување поради протести на противници кои од вчера ги блокираа сите три приоди кон Цетиње. Немирите избија во раните утрински часови, а митрополитот и патријархот Порфириј дојдоа на Цетиње со хеликоптер, каде беа по голема полициска придружба.

Митрополитот Јоаникиј и патријархот на СПЦ Порфириј пристигнаа во Цетиње по девет часот.

Црногорскиот претседател Мило Ѓунаковиќ, кој ги поддржува демонстрантите, од синоќа е во Цетиње. Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ смета дека се што се случи вчера и денеска во Цетиње е обид за терористички акции.

„Напад врз полицијата е напад врз државата! Се што се случи вчера и денеска во Цетиње е обид за терористички акции. Сосема е јасно дека нарачателите и организаторите се највисокото раководство на ДПС во соработка со организирани криминални групи на кои државата ќе им застане на патот“, објави тој на Твитер.

На барикадите кај Белведере во Црна Гора е употребено огнено оружје, јави РТЦГ повикувајќи се на Управата за полиција. Нема извештаи за повредени. На истата локација претхгодно беше регистрирана и експлозија. Откако е запалена блокадата кај Белведере, насобраните демонстранти се упатија кон Цетиње и манастирот.

По свечениот чин на устоличување,Јоанакиј замоли за прошка затоа што свештенството и патријархот видоа во Црна Гора многу непријатности и поделби. Јоаникиј беше устоличен со извици „Достоен“.Јоаникиј рече дека поделбите се вештачки предизвикани, и дека направиле се да ги отстранат, за што, како што рече, ќе треба многу време. Нагласи дека ќе служи за братско помирување во Црна Гора.

„Со овој свечен чин, ние не дојдовме да украдеме ништо, кого било да загрозиме или, не дај Боже, да украдеме нешто.Дојдовме да го извршиме светиот чин на устоличување на местото на архиепископот на оваа епархија“, рече Порфириј.

Се очекува попладнево патријархот и митрополитот да се вратат во Подгорица.

Автобусите со свештеници кои беа на пат за Цетиње се вратија во Подгорица.

Во градот е речиси неможно да се движат луѓе поради голем број фрлени солзавци, јавија црногорски медиуми.

Американската влада ги повика сите страни во Црна Гора итно да ја смират ситуацијата, соопшти американската Амбасада во Подгорица.

„Верските слободи и слободата на изразување, вклучувајќи мирно собирање, мора да се почитуваат. Иако имаше многу вперување со прст за тоа кој е одговорен, на крајот поединците ќе одговараат за своите постапки“, пишува на Фејсбук страницата на Амбасадата на САД.

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ објави дека е уапсен Веселин Вељовиќ, советник на претседателот на државата поради немирите во Цетиње. Според РТЦГ уапсени се и други пет лица.

Тензично е во Цетиње денеска каде полицијата фрли солзавец врз граѓани на повеќе локации кои протестираа против  устоличувањето на митрополитот Јоаникиј во манастирот Цетиње. Од раните утрински часови се слушаа полициски сирени. Во инцидентите повредени се четири лица соопштија од Општата болница во градот. Според РТЦГ врз граѓаните се фрлени три солзавци и неколку шок бомби. Илјадници граѓани ја поминаа ноќта блокирајќи ги влезовите на Цетиње со цел да ги спречат Јоаникиј и свештеници да влезат на Цетиње./МИА/.

Next Post

Ѓукановиќ: Во Цетиње бевме сведоци на големиот срам на Српската православна црква и на Владата на Црна Гора

НАЈНОВО

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025
Фото: Скриншот, видео од Х

(ВИДЕО) Тесла Cybertruck доби максимални пет ѕвездички на тестот за безбедност

August 23, 2025

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk