ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бројот на активни случаи со Ковид надмина 15 илјади, надлежните со апел за вакцинација

September 6, 2021 09:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава над 180 илјади лица се заразиле со Ковид-19 од почетокот на епидемијата, а бројот на активни случаи надмина 15 илјади. Повторно голем број на починати лица беа регистрирани во текот на вчерашниот ден – 21, на возраст од 49 до 94 години. Од направени 5.416 тестирањe, вчера беа регистрирани 459 нови случаи, а оздравеа 368 пациенти.

Во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово има најмногу активни случаи на Ковид-19, а со најмалку активни случаи се Демир Капија, Дојран и Пехчево.

Над 80 проценти од пациентите кои се заразиле со Ковид-19 се невакцинирани. Во болниците најголем дел од пациентите се исто така оние кои не примиле вакцина против вирусот. Според надлежните единствен спас за излез од пандемијата е луѓето да се вакцинираат.

Според испитувањата кои ги има направено компанијата „Фајзер”, која е еден од производителите на вакцина за Ковид-19, најверојатно ќе биде потребна и трета доза, но наодите се уште не се официјализирани.

Вакцината, како што изјави завчера министерот за здравство Венко Филипче, сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. Тоа, смета тој, треба да е мотивација за граѓаните.

– Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптоварени со невакцинирани пациенти, рече завчера министерот Филипче.

Веројатно, според него, ќе има нови соеви и мутации на вирусот. Меѓутоа, како што додава, вакцината е таа која што штити, го намалува ризикот од смртен ризик неколкукратно или од тешка форма на болеста. Тоа, вели Филипче, е начин ние да ги вратиме животите во нормала.

– Овој тип на вирус има тенденција да мутира во различни делови. Се уште е рано да се кажат карактеристиките на овој најнов сој на вирусот. Ги чекаме научните сознанија. Она што досега се знае за досегашните соеви на вируси е дека важат истите принципи вакцинацијата и општите превентивни мерки, рече Филипче.

Во моментов има доволно вакцини во земјава – околу 300 илјади дози се на располагање, 115 илјади дози на вакцини од „Астра Зенека”, 110 илјади „Фајзер” и 100 илјади дози од „Синовак”. Има и континуирана количина што доаѓа од 30 до 40 илјади секој понеделник или вторник од компанијата „Фајзер”.

Околу девет проценти од смртните случаи, како што информира Филипче, се вакцинирани, меѓутоа тоа се пациенти кои имаат тешка состојба, сериозни коморбидитети и иако се лекувани по сите стандарди за жал не може да се помогне.

Околу смртноста на млади лица, Филипче рече дека тоа е нешто на што посебно обрнуваат внимание, но, како што вели, за жал, се невакцинирани лица.

Додаде дека засега нема потреба да се активираат дополнителни одделенија на интерните клиники, иако се спремни. /МИА/.

Next Post

Твитер: Кандидатката за градоначалник на Центар од ВМРО-ДПМНЕ рече дека „Скопје 2014“ не бил проект на претходната власт

Shortcut

Најново

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk