ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ереван-Виена виа Скопје

September 6, 2021 10:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Аферата што минатата недела „експлодира“ во македонската дипломатија со притворањето на Миле Миленкоски во Врање и причината за неговото апсење е како од холивудските шпионски трилери: криумчарен олигарх, брат на претседател на нам далечна земја, авиони, милиони, тајни служби и јавен резил. Мишн импосибл, Том Круз вода може да им носи.

Деталите од целата перипетија се далеку од расветлени, но она што, малку од Ереван и малку од Скопје, може да се реконструира е дека во 2018 г. „екипа“ од тројца македонски дипломати (видео-надзорот на ереванскиот аеродром, покрај уапсениот Миле Миленкоски, наводно ги идентификува на снимките и Б.С. и С.С. од составот на МНР, по кои не се издадени потерници) како на приватен чартер (авионот е можно да е од Виена, во сопственост на извесен ерменски тајкун) го качуваат контроверзниот ерменски олигарх Левон Саргсјан, брат на поранешниот ерменски претседател Серж Саргсјан, и го транспортираат во правец на Виена, за потоа да му се изгуби трагата, иако надлежните ерменски власти го товарат и го бараат во врска со многу милиони наводно проневерени пари и коруптивни зделки.

Потоа следува „македонско“ продолжение на трилерот: високиот дипломат Миленкоски на 27 август годинава, по „црвената“ потерница на Интерпол, прво е сопрен на унгарско-српската граница, кога унгарските власти ја провериле валидноста на неговиот дипломатски пасош во нашето МНР, а потоа е пуштен да ја помине границата, по што е уапсен по истата потерница од српската страна на тој граничен премин, па транспортиран до затворот во Врање (заради близината до Скопје).

Нормално, по шуш-буш објавувањето на оваа првокласна вест, а потоа и цунамито информации по македонските социјални мрежи и портали, на нашите власти им требаа 4-5 дена да се пробудат од „зимски сон“ и штуро да ја потврдат информацијата, па откако се објавија разно-разни „бурни“ детали за тоа кој е и каква му била долгата службена биографија на Миле Миленкоски, „надлежниот“ министер Бујар Османи дури викендов, изненаден и скандализиран, да објави дека следува „вонреден ветинг“ за тоа кој сѐ ни службува во дипломатијата. Другите надлежни државни инстанци сѐ уште молчат.

Молчеше неколку дена и ВМРО-ДПМНЕ, за потоа таа симптоматична „празнина“ – бидејќи опозицијата и кога ќе падне саксија од некој балкон издава опширни катаклизмични соопштенија на сметка на власта – викендов да ја пополни Антонио Милошоски кој во својот фејсбук статус детално прави (селектирана) хронологија на ликови и настани врзани со апсењето на Миленкоски, со очекуван заклучок: зад скандалот и зад Миленкоски стојат Османи, Заев, Димитров, Спасовски, шефот на АНБ Виктор Димовски и други, бидејќи тие учествувале и/или знаеле за сѐ што се случува, уште од „ереванската експедиција“, па до криењето по фиоки на интерполовата потерница…

Сепак, добро информираниот Милошоски – кој, патем, и без поседување безбедносен сертификат раководи со собраниската Комисија за надворешни работи – заборава да спомене дека потерницата по Миленкоски во Македонија е пристигната на 25 февруари 2020 година, во времето и во ресорот со кој раководеше министерот Наќе Чулев. Излегува дека целата инкриминирачка аргументација за „дипломатскиот рекет“ за што (о)пишува Милошоски за тоа кој и кога ги криел информациите лесно може да се сврти против него: скаран ли бил Милошоски со Чулев во тоа време за да не знае за каков скандал е информиран министерот, а го скриле од јавноста?! Дотолку повеќе што „легендата“ за дипломатот Миленкоски (и другите двајца од македонското дипломатско „дуо-трио“ од Ереван) трае многу долго, бидејќи и Милошоски го има поставувано на високи позиции додека тој министруваше со МНР… Дотолку повеќе што Миленкоски повеќе од една деценија шета по коридорите на МНР фалејќи се (а и заканувајќи се) со блиските врски со претходната власт – „Слободен печат“ објави дека е и во роднински врски со Мијалков, што семејството, со право, ургентно го демантираше – и не само затоа што братот на неговата сопруга бил долгогодишен член на најтесното обезбедување на Груевски. Во таа кадровска политика, барем, немаше случајни „сродства“.

Според тоа, кој сѐ и кога знаел за епизодата во Ереван? Зошто баш македонски дипломати да го „спасуваат“ Саргсјан? Има негде веб-страна на која се рекламираат вакви услуги за приватни дипломатски евакуации или врските со овој контроверзен олигарх датираат многу поодамна од неговото фактичко бегство и исчезнување? Олигархот можел и сам да си ангажира авион за пребег – каква заштита (можеби и наш дипломатски пасош, за безбедно да помине низ Виена?) и во чие име му понудиле нашиве дипломати за да го спасат од прогонот во Ерменија? Конечно, не сакам ни да помислам за компликациите во бившата советска република Ерменија со Нагорно Карабах и за друг вид на карамболи во кои можеме да се најдеме вмешани со исчезнатиот брат на поранешниот ерменски претседател, а кои вклучуваат сѐ што ќе ви падне на памет од регистарот на безбедносни, разузнавачки, воено-трговски и слични „авантури“ на нашиот дипломатско-политичко-безбедносен полусвет.

Да потсетиме, за оние кои подзабораваат (или, напротив, не ни забораваат): Македонија е членка на НАТО.

Зборот ми е, структурите на Груевски и Мијалков (и Милошоски, де) се толку комотно распослани по сите пори и високи функции на сегашнава државна администрација (а и други државни органи и јавни институции), што „ветингов“ (Османи) на дипломатите е барем 3-4 години задоцнет. Затоа на сите страни течат документи со најразлични службени и државни доверливости пред и да стигнат на масите на сегашниве министри, а во администрацијата работи цела „влада во сенка“ чија единствена задача е да ја сруши „владава на сонце“ што побрзо.

Па, на Заев тоа и ќе му се случи – и никој не му е виновен. Особено доколку и сегашната власт е вклучена или толерира експедиции како оваа на линија Виена-Ереван виа Скопје.

Затоа, што се однесува до актуелнава афера, државата треба „под итно“ да излезе со комплетни и релевантни информации (и тоа не со постови на фејсбук, по ѓаволите!), доколку не сака опозицијата и „слободната мисла“ на социјалните мрежи/портали да им го диктираат темпото – оти, за сега (барем до недела на пладне, кога е пишуван овој текст), државата е во длабока дефанзива, а ако продолжи така најмногу што ќе избрка е „нерешен резултат“. Од тоа ни е смачено.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

Кац нареди да се изгради камп за 600.000 раселени Палестинци во Појасот Газа

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk