ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Растот на БДП е потврда дека економијата е стабилна, план за заздравување и финансирање забрзан раст

September 6, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Растот на Бруто домашниот производ (БДП) од 13,1 процент во вториот квартал од годинава укажува дека кризата одминува и економијата заздравува, оцени денеска премиерот Зоран Заев. Во обраќањето на Првата годишна конференција, што ја организира Министерството за финансии, Заев осврнувајќи се на денешните статистички податоци за БДП, рече дека тие се потврда дека економијата е стабилна и ќе расте.

Финансирање на закрепнувањето на економија од КОВИД и поддршка за забрзан одржлив раст со паралелно одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата, е целта на Планот за здравување и финансирање на забрзан раст кој е веќе подготвен, а го најавија денеска премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, одговорно тврди дека ниту еден од претставниците на оваа власт не учествувал во донесување на одлуките поврзани со еден од најкриминалните проекти не само во државата, туку и во Европа, реагираат денеска од Општината, по наводите на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка, Наташа Котлар, дека и СДСМ има придонес во реализацијата на „Скопје 2014“.

Големите компании маневрираат низ лавиринтите на бирократијата и инвестираат во Северна Македонија, но малите се соочуваат со предизвици на пазарот. Треба да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции, рече амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Премиерот Заев на средбата ја истакна исклучителната соработка со ЕИБ во делот на поддршката на капиталните инвестициски инфраструктурни и други проекти кои се комплементарни на реформските политики на Владата во вкупните заложби во процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Премиерот Зоран Заев се обрати на настанот за промоција на нова јубилејна поштенска марка, по повод претстојниот празник 8-ми Септември, односно 30 години од независноста. Настанот, симболично се одржа во Шалтер салата во зградата на АД „Пошта на Северна Македонија“.

В.Д

Next Post

Судскиот совет констатира престанок на судиската функција на Владимир Туфегџиќ

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk