ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Пет судови ќе бидат опфатени во првата фаза на дигитализација на судството

September 7, 2021 10:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео врска имаше обраќање на  настанот организиран од ЕПИ на тема „Дигитално судство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем“.

Маричиќ посочи дека како Министерство свесно или не, се соочуваат со оргомни промени кои ги наметна дигиталната ера.

– Следејќи ги промените во начинот на кој живееме произлегува и потребата нашето општество да доживее дигитална трансформација. Таа полека, но сигурно ќе ја преземе секоја клетка на нашето општество без исклучок. Примената на информатичко-комуникациските технологии на државно и локално ниво во рамките на јавните служби се претвори во нужна потреба со која ќе се придонесе за подигнување на квалитетот на давање услуги кон граѓаните  а со тоа и да се подобри односот помеѓу граѓаните и општо државните институциите, рече Маричиќ.

Според него во овој тежок период на светска пандемија, стана јасно дека дигиталната трансформација не е само пожелна, туку и апсолутно неопходна за ефикасен и функционален јавен сектор.

– Само независното и непристрасно судство може да биде гарант за демократијата и владеењето на правото. Затоа како Влада и како Министерство за правда покажавме силна политичка волја, заложба за реформирање на правосудниот систем и желба за враќање на довербата на граѓаните кон државните институциите. Работиме на остварување на целите кои ги имаме поставено пред нас и полека, но сигурно веќе резултатите се гледаат. Дигитализацијата на која сме фокусирани изминатиот период,  очекуваме да придонесе кон зголемување на транспарентноста и отвореноста на судовите, зголемување на  ефикасноста на судиите и судовите, и овозможување полесен и поедноставен пристап до правдата и до услугите, истакна министерот за правда.

Секој момент, како што посочи  Маричиќ, се очекуваат да пристигнат во државата двајца експерти од САД во обиколка на судовите, со цел да направат целосна спецификација, бидејќи секој суд, секоја судница си има свои карактеристики, а соодветно на тоа и за потребата за опремување ќе биде различна. Први ќе бидат опремени Основните судови Штип, Кавадарци и Струмица, како и Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје, кажа Маричиќ.

Воедно, министерот нагласи дека со ОБСЕ се работи на изготвување функционална платформа на која ќе бидат бидат објавувани податоци за работата на судовите во врска со квалитетот и квантитетот на нивното работење (распределбата на предмети, завршени предмети, времетраењето на постапките, одложувањета итн).

– Ситуацијата поврзана со КОВИД – 19, не насочи кон еден нов начин на извршување на нашите работни задачи и активности, што дополнително се појави потребата голем дел од услугите од институциите да ги добиваме по дигитален пат. Сите процеси, поради меѓузависноста на институциите и сложеноста на секој правен систем, вклучително и нашиот, се нужно долги и бараат голема соработка пред да се претстават пред граѓаните. Затоа паралелно работиме и на интероперабилниот план за непречена двонасочна комуникација помеѓу судовите и другите институциите, додаде Маричиќ.

Во таа насока, министерот за правда истакна дека ИКТ советот веќе започна со реализација на активностите предвидени во оперативниот план. Меѓуинституционално,  заедно  со Министерството за информатичко општество и администација ги завршуваат преговорите околу воведувањето на дигиталните услуги за издавање уверенија и потврди од прекршочната и кривичната  евидинција. Овие услуги се очекува да бидат достапни прво за физички лица и тоа во втората половина на септември.

извор: МИА

Next Post

МЖСПП: Сесија посветена на НП Шар Планина како дел од Европскиот зелен појас на Светскиот самит за конзервација на природата

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk