ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се реконструира патот до Бојане, општина Сарај

September 7, 2021 12:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција на патот до Бојане во општината Сарај, што е во тек.

Селото Бојане е последното населено место во градот Скопје кон граничната општина Желино и долги децении било и заборавано и запоставувано од градските власти. Ова сега е доказ како во соработка меѓу Општина Сарај и Градот Скопје, помогнати и од Владата на Република Северна Македонија успеваме да го решиме овој децениски проблем на граѓаните на Бојане кои сега се поврзуваат со најдобрата инфраструктура – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Реконструкцијата на овој пат се изведува во должина од 3 километри. Покрај реконструкцијата на коловозот се обновуваат и водоводната, атмосферската и канализациската мрежа во должина од 3 километри. Се обновуваат и рабниците од двете страни на патот, се обновува зеленилото, а се гради и нова пешачка патека од бекатон плочки со ширина од 1,5 метри во должина од 3 километри. Станува збор за инвестиција од 101,5 милиони денари со вклучен ДДВ од буџетот на Град Скопје.

За премиерот Зоран Заев, од ваквите зафати се гледа грижата на локалната и на централната власт за потребите на граѓаните, зашто квалитетот на живот треба да биде рамномерен и во селата и во градовите.

– Реконструкцијата на патот до село Бојане е само еден од десетиците инвестициски проекти на локалните власти во нашата земја кои ја имаат целосната поддршка на Владата низ повеќе различни програми. Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да продолжиме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата и Градот Скопје. Со првиот повик опфативме 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 км, проект вреден преку 4 милиони евра. Реализиран е и вториот повик, започна реконструкцијата на 35 улици во 21 општина, со вкупна должина од 35,5 км, во вредност од околу 7 милиони евра. Во тек е подготовка на трет повик кој ќе опфати обнова на дополнителни 60 км локални улици. На секоја општина за оваа намена на располагање и стојат од 500.000 евра до 2 милиона евра, неповратни средства. Дополнително, тука е програмата на ТАВ со која се реализираат 94 инфраструктурни проекти, а се реализираат и програмите за туристички развој и програмата за водоводи и канализации – појасни премиерот Заев.

Next Post

Заев: Го следиме процесот во образованието, никој нема да биде оставен без учебници

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk