Фокусирањето на зелената агенда, дигитализацијата и инвестирањето во човечкиот капитал се неопходни за обезбедување на одржлив раст. Користењето на дигиталното знаење за постигнување економски и социјален развој и ставање на добаросостојбата на луѓето на прво место мора да бидат главни водилки при дефинирањето и носењето на политиките.
Инвестициите за подобро образование не само што не запреа во услови на пандемија, туку напротив, напорот за постигнување на целите уште повеќе се интензивираше. Затоа што образованието е жива материја и мора да се менува и прилагодува на глобалните и општествените текови и состојби и само така може да продолжи да биде еден од основните столбови на севкупниот напредок на државата.
Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со градоначалникот на Тирана, Албанија, Ерион Велиај, кој е во еднодневна посета на нашата земја. На средбата, двајцата градоначалници разговараа за досегашната успешна соработка меѓу Скопје и Тирана и за можностите таа соработка меѓу двата збратимени града да се продлабочи.
Чистата вода е основна потреба на секој граѓанин на државата и неопходно да се обезбеди ова основно уставно право, истакна денеска министерот за животна средина и просторно плaнирање Насер Нуредини на поставувањето таложникот во филтер станица за водоснабдување на Општина Липково.
На 08.09.2021 (среда) најавен е мото-пешачки протестен марш од Скопски саем кон Влада на РСМ.
В.Д