ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средби на претседателот Џафери со домаќинот Соботка и колегата Звиздиќ

September 8, 2021 15:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Волфганг Соботка, претседател на Австрискиот национален совет, на маргините на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти, што се одржува во Виена, во заедничка организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Австрискиот парламент. Џафери му се заблагодари на Соботка за топлото гостопримство и одличната организација на првиот масовен меѓу-парламентарен настан од почетокот на пандемијата, кој што се одржува со физичко присуство на учесниците, со сеопфатни здравствени мерки и протоколи.

На средбата, Џафери му врачи благодарница на својот колега, претседателот Соботка, за несебичноста и пожртвуваноста на австриските пожарникари, кои беа рамо до рамо со нас за време на битката против пожарите што ја зафатија нашата земја. Воедно, тој упати срдечна благодарност до Република Австрија и австрискиот народ за пријателството и соработката, како и силната поддршка во нашите напори за членство во Европската Унија.

Претседателите на двата парламенти изразија подготвеност за натамошно унапредување на меѓусебната соработка, со цел за продлабочување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија.

Џафери оствари кратка средба и со Дејан Звиздиќ, претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина. Соговорниците разменија мислења за тековните состојби во двете земји и во регионот, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу парламентите.

 

 

Next Post

Честитка од бугарскиот министер за надворешни работи Стоев по повод Денот на независноста на Северна Македонија

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk