Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска испрати сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во Тетово, велејќи дека Србија ја споделува огромната болка со македонскиот народ и дека е подготвена да обезбеди братска помош за земјата, пренесува Блиц.
Вучиќ на претседателскиот профил на Твитер напиша дека е шокиран од веста за пожарот во тетовската болница.
Изузетно ме је погодила вест о пожару у болници у Тетову. Делимо огроман бол са народом Северне Македоније, спремни да пружимо сваку братску помоћ. У своје и у име грађана Србије, изражавам саучешће породицама настрадалих и грађанима Северне Македоније, повређенима брз опоравак.
— Александар Вучић (@predsednikrs) September 9, 2021
„Делиме огромна болка со македонскиот народ, спремни сме да дадеме братска помош. Во мое и во името на сите Срби, испраќам сочуство до семејствата на настраданите и на сите Македонци“ напиша Вучиќ.
Извор: Слободен печат