ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Оставките се висок морален и етички чин, државата ќе изгуби голем човек на значајна функција

September 11, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се обраќа до јавноста и до претставниците на медиумите со соопштение кое се однесува на започнатата експертска истрага и на поднесените оставки за несреќата во ковид-центарот во Тетово.

Граѓаните се со поделени мислења околу прашањето дали треба да биде прифатена понудената оставка на министерот за здравство Венко Филипче од морални причини, како резултат на пожарот кој предизвика огромна трагедија во модуларната болница во Тетово. Иако повеќето ја поздравуваат неговата постапка со која покажа голема одговорност и емпатија, сепак не сите се согласни Филипче да ја напушти раководната функција во Министерството за здравство.

Исплатата на првата транша од средствата на новата кредитна линија на Европската инвестициска банка (ЕИБ) се очекува во следните недели. Средствата ќе бидат наменети за малите и средните претпријатија под поволни услови, со ниски каматни стапки и продолжени рокови на доспевање, открива во интервју за МИА потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство д-р Венко Филипче и посочуваат дека му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води.

Железниците на Западен Балкан се на добар пат да се приспособат на железничката мрежа на ЕУ и паневропските коридори, а приоритет за регионот останува отворањето на пазарот, управувањето и интероперабилноста, изјави потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Јирген Ригтеринк, јави дописникот на МИА од Белград.

Претставници на тетовското Обвинителство и Федералната криминалистичка полиција од Германија денеска во Клиничката болница во Тетово за прв пат заедно беа да го видат местото каде изгоре монтажниот објект за ковид пациенти при што загинаа 14 луѓе на 8 септември.

В.Д
Next Post
Талибанците патролираат низ Кабул, септември, 2021 година

Талибанците го менуваат лицето на Кабул

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk