ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Данке Дојчланд за „мама Меркел“!

September 15, 2021 09:45
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Завршната турнеја на Ангела Меркел на Балканот, со бирање на Белград и Тирана како места за значајни политички владини и невладини средби – веројатно тој „прелет“ од Србија и Албанија преку Косово е пораката што германската канцеларка на заминување сака да ја испрати за затворањето на најгорливото статусно регионално прашање – е голем гест на еден од најважните светски политичари на современата европска и глобална политика. Во целиот свој речиси дводецениски канцеларски мандат, Меркел со посветеност ги следеше случувањата на Балканот, во својот препознатлив, „пригушен“ лидерски манир: без многу сликања и снимања, без ексклузивитети и паради, но со време и трпение да ги ислуша сите разумни страни во споровите за недоразбирањата што ги брануваа регионалните политички и општествени „води“.

Дури и кога Германците спроведуваа „дипломатски офанзиви“ кон регионот – на пример, да не заборавиме, антологиска е посетата на Меркел на Скопје во септември 2018 година, пред овдешното референдумско изјаснување за Преспанскиот договор – тоа никогаш не биле спектакли во стилот на „американската коњица“ или руското подземно и надземно ’ржење. Но, пораките биле јасни и конструктивни, со почитување на локалните фактори како двигатели на регионалните собитија.

Таа нејзина посветеност кон Балканот се покажа како исклучително важен пристап, бидејќи европската и светската политика во минатава деценија поминаа низ толку стресови и турбуленции, што да не беше канцеларката Меркел на важната лидерска сцена во светот, Балканот сигурно ќе беше многу почесто и многу повеќе потпикнуван „под тепихот“ на континенталната политика. Од неа потекна и „Берлинскиот процес“ во 2014 година, кога другите важни лидери на ЕУ на процесот на проширување на Унијата гледаа како на „политичка лепра“ за нивните домашни изборни агенди.

Навистина, напредокот во тоа проширување во изминатите 6-7 години е речиси минимален, додека овдешниот цинизам и незадоволство од ЕУ, со право, достигнуваат максимални нивоа на општо незадоволство и разочарување. Но и самото одржување на „наративот“ е постигнување само по себе, во услови кога самата Унија висеше врз понорот на опасноста од укинувањето на еврото, последиците од Брегзитот, справувањето со мигрантите (за тоа Меркел ја критикуваат како главен „виновник“) и пронаоѓањето релевантна смисла за нејзиното понатамошно постоење.

Меркел се покажа како инструментален конструктивен политички фактор во ваквото „европско бесознание“, една каша-попара што по многу важни прашања сѐ уште трае. И секогаш со цврсти и принципиелни либералдемократски ставови.

Претпоставувам дека феноменот со заминувањето на Ангела Меркел од активната светска политика ќе биде сличен како она со струјата: кога ја има, тоа се третира за нормалност; кога ја нема, сите се вчудовидени како да го протуркаат денот без неа.

Така што, мислам дека не е претерано да се каже: Данке Дојчланд што ја ставивте на располагање „Мама Меркел“ на европската и светска сцена, таа убавина нема да ви ја заборавиме.

 

П.П.С. Хронологијата на оставките во македонската политика, за која првично пишував пред два дена, предизвика голем интерес (добив десетици добронамерни сугестии и коментари по сите можни платформи за комуникација!), па денеска правам уште две ненамерни, иако „превидени“ дополнувања (mea culpa!): Министерот за правда од редовите на ДУИ Билен Салили во март 2018 си поднесе оставка, преземајќи морална одговорност за преквалификацијата на обвинението за смртта на малиот Алмир во Куманово (обвинителниот акт беше променет од „убиство со умисла“ во „сообраќаен инцидент со смртни последици“), а и министерот за култура Асаф Адеми од Алтернатива си поднесе оставка во мај 2019 „од здравствени причини“… Колективната оставка на министрите од ДУИ во Владата на Груевски во 2016 година, пак, мислам дека, сепак, не се „квалификува“ во хронологијата на поединечните оставки во македонската политика, па затоа и не ги наведов во првата колумна.

Како што стојат работите, наскоро – еднаш-засекогаш, со голема помош на „колективното паметење“ – ќе ја „затвориме“ листата на оставки во високите ешалони на македонската политика во изминатите 30 години. Па и тоа е нешто!

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот.
Next Post

Димитров: Ветувањето на ЕУ кон регионот најблаго и најдипломатски кажано е разнишано

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk