ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Штип добива најмодерна пречистителна станица во регионот, а со поддршка на Владата хидросистемот Злетовица ги остварува сите свои потенцијали во полза на граѓаните

September 15, 2021 15:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, во присуство на градоначалниците на Штип и Пробиштип д-р Сашко Николов и Драган Анастасов присуствуваа на настан со кој започна тестирањето на пречистителната станица Штип како дел од повеќенаменскиот капитален проект – Хидросистемот Злетовица.

На настанот, на кој присуствуваа и амбасадорите на Јапонија Хиронори Савада и на Словенија Милан Предан, кои со поволни финансиски средства и со донации учествуваа во реализацијата на сите придобивки од овој проект во регионот што ги опфаќа општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово со што, меѓу другото, ќе се обезбедат со вода за пиење на над 100.000 жители во овие општини и за таа цел се изградени или во изградба се пречистителни станици и цевководи за водоснабдување во должина од 100 километри.

Премиерот Заев во своето обраќање на настанот истакна дека откако ќе заврши фазата на тестирање на сите аспекти на работата на пречистителната станица со ултрафилтрација во Општина Штип, жителите на Штип ќе добиваат најквалитетна вода за пиење, произведена по светски стандарди.

„Супер модерната пречистителна станица за вода за пиење во општина Штип со најсовремена технологија – ултрафилтрација, ќе работи со капацитет од 300 литри во секунда, со што општина Штип ќе има најголемата станица од ваков тип во државата и соседните земји. За пречистителната станица во Штип беа издвоени околу 6 милиони евра, средства од граѓаните на нашата земја издвоени од буџетот Владата на Република Северна Македонија. Оваа Влада, како и составот на Владата од претходниот мандат од 2017 континуирано работи комплетирање на огромниот капитален проект Хидросистем Злетовица како една од иницијативите за подобрување на условите за живот на граѓаните во целата земја и за рамномерен регионален развој“, нагласи претседателот на Владата Зоран Заев.

Тој додаде дека во таа насока, во североисточниот регион се спроведуваат повеќе капитални проекти од базично значење кои се силен потенцијал за развој на сите општини во овој дел од нашата земја.

„Привршуваат работите од првата фаза на ХС Злетовица за водоснабдување, и паралелно се работи на изведбата на системите за наводнување за околу 4.000 хектари земјоделска обработлива површина во регионот како цел на втората фаза. Во последната, во третата фаза, проектот Хидросистем Злетовица ќе се комплетира со објекти за производство на електрична енергија со предвиден капацитет од 50 гигават часови електрична енергија“, рече премиерот Заев.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека рамномерното развивање на сите региони во земјата е високо на агендата на Владата, а проектот за нова пречистителна станица за питка вода во Штип тоа го докажува.

„Граѓаните од овој регион беа сведоци дека иако веќе во 2012 година имавме на располагање ваков значаен објект, претходните Влади и локални самоуправи не ги преземаа вистинските чекори за да се искористат функциите на ХС Злетовица и да се обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. Ние тоа дефинитивно го сменивме и правиме чекори кон максимизирање на потенцијалите на ХС Злетовица. Сакаме овој капитален проект да го ставиме во функција на граѓаните, за поквалитетен живот, но и самоодржливост на хидросистемот, кој треба да служи на генерации граѓани”, нагласи вицепремиерот Битиќи во своето обраќање.

Градоначалникот на Штип д-р Сашко Николов потенцираше дека Штип и штипјани конечно добиваат пристап до чиста и здрава вода за пиење.

„Капацитетот на новата станица за ултра-филтрација е доволен да ги задоволи сегашните потреби на Штип и штипјани за вода и во најкритичните периоди. Објектот и опремата за новата станица за ултра-филтрација се набавени со одобрени 3,6 милиони евра неповратна финансиска помош, средства добиени од Владата на Република Северна Македонија преку ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за водостопанство“, истакна градоначалникот Николов и додаде дека со пуштањето во редовна употреба на станицата за ултра-филтрација Општина Штип ќе ја има најголемата станица од ваков тип во државата и од соседните земји.

 

Next Post

Николовски-Вали: Напредокот е препознаен и оттаму и поддршката од меѓународните партнери за бескомпромисна борба против корупцијата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk