ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фрчкоски: Политичките елити одиграа најважна улога непосредно по прогласувањето на независноста

– Најважната работа е важноста на одговорноста на политичките елити во такви моменти на промена. Во транзициските земји независно од еуфоријата на народот, тежината на политичките елити има посебна важност. Одговорноста на политичките елити во Македонија тогаш беше значајна и кај македонскиот и кај албанскиот блок и тоа изведе една операција која е ретка за една мала држава која првпат беше независна, која не постоеше во диломатската меморија во светот, бевме тотално оставени во тој прв период сами на себе, иако имавме стратешки партнери, рече Фрчкоски.

September 17, 2021 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Професорот по меѓународно право Љубомир Фрчкоски, кој беше и поранешен министер и за внатрешни и за надворешни работи, на дебатата во Владата посветена на 30 години независност „Патот до независноста“, осврнувајќи се на периодот непосредно по прогласувањето независност, рече дека во такви историски моменти на промена, најважна работа е важноста на одговорноста на политичките елити во тие моменти.

– Најважната работа е важноста на одговорноста на политичките елити во такви моменти на промена. Во транзициските земји независно од еуфоријата на народот, тежината на политичките елити има посебна важност. Одговорноста на политичките елити во Македонија тогаш беше значајна и кај македонскиот и кај албанскиот блок и тоа изведе една операција која е ретка за една мала држава која првпат беше независна, која не постоеше во диломатската меморија во светот, бевме тотално оставени во тој прв период сами на себе, иако имавме стратешки партнери, рече Фрчкоски.

Тоа, оцени тој, за земја на крстосница значеше дека или ја контролирате вашата држава, или ќе ве поделат.

– Во такви околности, без армија, со меѓуетнички односи какви што имавме и со отворени односи со сите соседи, и странци не можеа да разберат зашто војна во Македонија во тој период не изби. Истовремено имате период на исклучителен мир, инклузија на Албанците со сите проблеми со нив, тоа беше значаен и суштествен дел на процесот. Македонија прво се обиде да научи раскинување со Југославија, односно со Србија, тоа го учевме во тој момент. Второто прашање беше новото поставување на албанската заедница во Македонија, истакна тој.

Третата тема која ја учевме, продолжи Фрчкоски, е борбата со идентиските прашања со Грција и со Бугарија.

– Посебно со Грција беше жестоко, издржавме две блокади со Грција, единствено отворена граница беше со Бугарија, две ембарга да не ве фрлат на колена, државата и во тие услови добива силна самодоверба. И нормално учење геостратегија на мала земја, наоѓање стратешки партнери, начинот на којшто играте по правилата во меѓународните односи, учите демократија во една земја што не била демократска и која нема демократска традиција, заклучи Фрчковски.

Првиот претседател на првиот македонски Парламент Стојан Андов, говорејќи на дебатата истакна дека таа наша историја на независна држава од 91-ва, почнува со првата седница на Собранието со која претседавал најстариот пратеник Никола Стојановски.

– Седницата заврши со мој избор на претседател на Собранието. Таа вечер стигна материјал од претседателсвото на СФРЈ и добив покана да ја преставувам новата власт во Македонија. И другиот ден одржавме седница посветена на тоа барање. Тогаш Милан Кучан побара претседателството веќе да не го има врз СФРЈ туку да се пренесе кај републиките. Сите се согласивме со тоа, но изби некој спор меѓу Туѓман и Милошевиќ, рече Андов.

Тој потсети дека на 25 јануари била донесена Декларацијата за сувереност на Македонија и е првиот акт за прогласување независност на Македонија.

– Претходно, на 17 јануари, Глигоров беше избран за претседател со 116 гласови. Потоа го ставив за дискусија на дневен ред предлогот за декларацијата за сувереност, која потоа ја донесовме на 25 јануари, и таа декларација за сувереност тогашниот премиер на Југославија Анте Марковиќ ја прогласи како антиуставна пред правосудството на Југославија, при што развлече еден спор, но таа декларација си живееше бидејќи уставните судии не успеаја да се состанат, раскажа Андов.

И целата постапка на независност на Македонија, се надоврза Андов, ја поставивме врз таа декларација – декларацијата за сувереност.

– Тоа се покажа во 91-ва година во декември кога кај мене дојде претседателот Глигоров и ми кажа дека има потешкотии кај комисијата на Бадентер бидејќи не сака да ја поддржи Македонија да биде независна, затоа што додавката во Уставот зборува дека таа се изјаснува за учество во некоја целина на некоја југословенска држава. Го исправивме тоа и дури тогаш ја прифати Глигоров оваа декларација за сувереност и така таа 91-година ја завршивме со успех, рече првиот претседател на првиот македонски Парламент Стојан Андов. /МИА/.

Next Post
МИА

Историски и емотивни моменти на дебатата за независност - Заев ги одложи состаноците, побара настанот да продолжи

Shortcut

Најново

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk