ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Томшиќ од МОН:Ги повикувам родителите да ги поттикнуваат учениците место да играат видео игри, да ги користат дигиталните уреди за учење

September 17, 2021 09:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Она што треба сите да го знаеме кога зборуваме за новата Концепција, конкретно во случајот за четврто одделение, е тоа дека учебникот не е единствениот извор на стекнување на знаењата. Не зависно дали се користат дигитални или печатени учебници во фокусот на наставата треба да е интеракцијата помеѓу наставникот и ученикот, настава со истражување, дискусија и креативно и критичко размислување, бидејќи само на овој начин можеме да постигнеме подобри резултати. Тоа е и целта на новата Концепција учење со разбирање, а не меморирање на факти. Ова го истакна Душан Томшиќ советник во Министерството за образование и наука во гостување во утринската програма на Сител ТВ.

Томшиќ ги повика родителите да ги поттикнуваат учениците да ги користат дигиталните материјали за учење затоа што таму има интересни интерактивни содржини, квизови и видеа кои низ игра го поттикнуваат учењето кај децата.

„Сите ние знаеме дека децата поголемиот дел од денот го поминуваат пред компјутери играјќи видео игри кои не се продуктивни, затоа би било добро, дел од ова време учениците да го поминат во пролистување на содржините на дигиталните учебници, со што ќе го повтруваат она што било предавано на часовите, но и на интересен и креативен начин ќе се стекнат со нови знаења“, рече Томшиќ. Томшиќ истакна дека Концепцијата успешно се спроведува во сите училишта во државата.

„Од она што го добиваме како информации директно од терен од наставниците, учениците и директорите на  училиштата за сега  реформата се спроведува спроед предвидената динамика и планот, без никакви потешкотии. Училиштата навреме ги добија потребните интерактивни табли, нагледни средства и дидактика кои се предвидени со наставната програма. Исто така учениците навреме ги добија учебниците. Преку апликација се спуштени на нивните уреди“, рече Томшиќ.

Томшиќ посочи дека за децата кои се социјално ранливи семејства покрај општините МОН обезбеди 10.000 таблети кои им се даваат на користење, со цел на секое дете да му обезбедиме пристап до новите технологии и практикување на дигитални содржини, бидејќи тоа е реалноста. Исто така, МОН испечати 20% од тиражот на учебниците за 4 одделение и тие се доставени до училишните библиотеки. Овие учебници во печатена  форма е наменети за учениците кои за жал, немаат електрична енергија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ивановска: Луѓето се против корупција, ама не би ја пријавиле

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk