ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трибина „Патот на независноста“: Зедништвото и единственоста кои постоеја кога се прогласуваше независност не може да се купат со пари

September 17, 2021 17:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Желбата за независна и самостојна Македонија беше на пиедесталот и беше нишка која ги поврзуваше сите партии и политички активистите во почетокот на деведесеттите години од минатиот век. Заедништвото и единството, вредната работа на сите и ентузијазмот беше одлика која не може да се купи со пари. Ова беше истакнато на трибината „Патот на независноста“ која денес се одржа во Владата на Република Северна Македонија.

На конференцијата, освен премиерот Зоран Заев, свои обраќања имаа повеќемина современици на случувањата во 1991 година кои разговараа за најзначајните моменти и за процедурите при стекнувањето на независноста на државата.

„Нашата земја во периодот кога се осамостојуваше за среќа помина без оружени конфликти, а моето лично мислење за рефередумското прашање е дека во тој период најважни беа заложбите за мирно разрешување на сите комплексни прашања“ кажа премиерот Заев при отворањето на настанот.

Тој потенцираше дека референдумското прашања произвело свои дилеми и кај Македонците и кај Албанците во тој период, но желбата за самостојна држава и мирно разрешување на сите комплексни прашања биле врвен приоритет на сите.

Првиот претседател на македонскиот парламент, Стојан Андов се потсети на датумите и процесите околу прогласувањето на независноста и ја истакна Декларацијата за независност, како документ кој стана основа за целата постапка за самостојна Македонија.

„Декларацијата за независност ја донесовме на 25 јануари, и таа декларација за сувереност тогашниот премиер на Југославија Анте Марковиќ ја прогласи како антиуставна пред правосудството на Југославија, при што развлече еден спор, но таа декларација си живееше бидејќи уставните судии не успеаја да се состанат“ раскажа Андов.

Љубомир Фрчковски истакна дека значајно било нивото на интелигенција и зрелост и кај македонски и кај албанските политичари при прогласувањето на независноста.

„Во такви околности, без армија, со само 5 илјади луѓе под оружје, со меѓуетнички односи какви што имавме и со отворени односи со сите соседи, сум се изначитал извештаи на странците кои не можеа да сфатат зошто нема војна во Македонија“ кажа Фрчковски.

Тој додаде дека борбата во почетокот била да се извлече што повеќе граѓански устав, во кој ќе бидат вметани и правата на заедниците, иако призна дека тој устав е чекор наназад од претходниот устав од 1974 година во однос на употребата на јазикот.

Љубчо Георгиевски, пак истака дека бил многу тежок периодот на отцепување од Југославија, бидејќи притисоците против тоа и стравовите од последиците биле големи.

„Македонија не беше некој голем фактор во распадот на Југославија, но доволно добро го искористи тој момент за да ја оствари својата цел. Ако не беше распадот на комунистичкиот блок и распадот на Југославија, веројатно ни ден денес немаше да ја имаме самостојна Македонија. Најзаслужен за независноста на Македонија е грубата политика на Милошевиќ, која го почна распадот на Југославија“ потенцираше Георгиевски.

Поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска потенцираше дека на почеокот сите се плашеле јавно да кажат дека сакаат самостојна држава и дека Декларацијата за независност била првиот чекор, во кој сите заеднички ја поставиле идејата за независна држава.

„Одлучувачки период во кој конечно се одлучив дека сум за независна Македонија беше гледањето на ковчезите на нашите деца кои гинеа за туѓи интереси. Нашите војници беа употребувани како политички и воен штит и тогаш сфатив дека не смееме да дозволиме Македонија да биде втурната во било каква војна“ кажа Марковска.

На трибината се обрати и Васил Тупурковски, кој истакна дека во 1994 година предложил историски договор со Албанците, но дека во тоа време кога се создавала независноста политичарите не се насочиле на големите идеи за државата.

„Ќе имавме резултати на голем број полиња, можеби во таа насока беше правото да се учи на мајчин јазик. Сега кога се слушаат зборовите за едно општество е апелирам да се работи на тој план уште покреативно“ нагласи Тупурковски.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025

Најмалку 50 луѓе загинаа при израелскиот напад врз Појасот Газа

May 16, 2025

Судење за убиството на Вања и Панче, Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Зеленски по пристигнувањето во Турција: Руската делегација е застапена од заменски реквизити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk