ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Состојбата во училиштата е безбедна, извештаите од надзорите на надлежните институции го докажуваат тоа

September 18, 2021 10:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата во училиштата во државата е безбедна и засега нема интерна трансмисија на вирусот во училишните објекти. Денеска и здравствените власти информираа дека нема зголемен број на позитивни случаи на деца во болниците, како што дел од медиумите сакаа лажно да претстават. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на синоќешното гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

-Епидемиолозите заедно со Комисијата за заразни болести ја следат детално состојбата во училиштата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е постојано на терен и имаме извештај на дневна основа во колку школи се направени контроли и согласно тие извештаи, протоколите апсолутно се почитуваат. Имаме инцидентни случаи во некои општини каде има минимални забелешки за непочитување на некој дел од протоколот во одредено училиште каде веднаш се интервенира, рече Царовска.

Министерката истакна дека МОН на дневно ниво добива информации за секој заразен ученик во секое училиште и е во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести, каде се доставуваат тие извештаи, со цел навремено делување доколку дојде до промена на ситуацијата со заразата во училиштата.

-Апелирам до Народниот правобранител да бидеме во координација, да не шпекулираме, за да можеме да стигнеме до квалитетно образование и тоа со физичко присуство во време на пандемија, кое е од највисок интерес на децата и тоа не е потврдено само од нашата држава, туку и од меѓународни организации кои се грижат за квалитет на образованието во земји во развој како нашата, рече Царовска.

Согласно податоците со кои располага МОН, кумулативно од почетокот на учебната година до сега 0,2 проценти од вкупно 240 000 ученици биле активни случаи. Дел од нив се оздравени и повторно вратени на наставата со физичко присуство во училница, додека дел сé уште се во изолација. Во текот на вчерашниот ден 0,01 процент од вкупниот број на ученици се нови позитивни случаи на заразени.

Осврнувајќи се на забелешките за недостиг на учебници или ИТ уреди за некои ученици, министерката нагласи дека многу е важно тие да не бидат паушални.

Оваа учебна година, велат од МОН во соопштение, посебно се водеше сметка за обезбедување еднаквост на учениците. Министерството за образование и наука за најранливите ученици, коишто во своите домови немаат електрична енергија, испечати 20 проценти од вкупниот број на учебници. За учениците кои немаат дигитален уред, а можат дома да го користат, ИТ уреди беа обезбедени дел од МОН (10.000 таблети), дел од самите локални самоуправи.

извор: МИА

Next Post

Ана Аврамоска Нушкова: Насилството не е нешто што се случува зад затворени врати, тоа е општествен проблем

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk