ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Го оживеавме проектот Топлификација на Битола, изградбата почнува во октомври

September 18, 2021 11:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Од следниот месец ќе стартуваат активности на терен за проектот за топлификација на Битола, Новаци и Могила, најавуваат од АД Електрани на Северна Македонија.

-После 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализирање топлификација, ние, од проект оставен во фиока и тргнат на страна, за само две години стигнавме до потпишување договор и подготовка за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Топлификацијата се гради со кредит од германската KFW банка во вредност од околу 40 милиони евра. Дополнително ние како компанија ќе инвестираме 7 милиони евра сопствени средства,  изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

За разлика од сите претходни најави за изградба на топлификацијата од РЕК до Битола, дополнува тој, овојпат има неколку суштински причини заради кои ја уверувам јавноста дека овој проект ќе се реализира.

Јавниот повик за претквалификација беше распишан во октомври 2019 година, јавниот повик за комплетни понуди за првата фаза беше распишан годинава, а договорот со избраниот изведувач беше потпишан пред 10 дена. KFW Банката, консултантот IC consulenten и нашиот тим од Секторот развој и инвестиции вложија максимални напори во 20 месеци да спроведат успешна постапка и да имаме договорен орган. Тоа е конзорциумот RBA Termo JV, составен од три реномирани фирми: АД Гранит, Рапид билд и бугарската фирма Атом енерго ремонт, коj ги исполни сите критериуми на KFW банката како кредитор и на нашата компанија како инвеститор, односно нарачател, информира Ковачевски.

Изведувачот има рок од две години за изведување на првата фаза од проектот за која е потпишан договорот, а тоа е ископ за трасирање на топловодот и поставување на топловодните цевки од РЕК Битола до градот Битола, како и секундарна мрежа во градот.

Како што вели Ковачевски, веќе следниот месец, започнуваат активностите на терен, по што ќе биде поставена потстаница која ќе го поврзе РЕК Битола со цевките, а потоа и потстаница на влезот на Битола која ќе го поврзува топловодот со разгранетата мрежа низ градот.

Планот е на топлификацијата, на почетокот да се приклучат 35 општински и државни институции во Битола кои ќе искористат една третина од капацитетот на системот. Со другите две третини ќе се задоволат потребите на големите станбени и деловни згради и на индивидуалните куќи во Битола, Новаци и Могила. Топловодот дополнително ќе даде можност и за загревање на земјоделски оранжерии, со што ќе обезбеди поддршка на развојот на земјоделството во пелагонискиот регион.

-Сакам да потенцирам дека овој проект за Топлификација што го реализираме, АД ЕСМ го направи економски исплатлив, што не беше случај претходно. Имено, со предвидената изградба на когенеративна гасна електрана во РЕК Битола за производство на електрична и топлинска енергија, инвестицијата во топловодната мрежа станува економски оправдана во иднина. Претходно беше нејасно што ќе биде со топловодната мрежа кога РЕК Битола ќе го замени јагленот со еколошки прифатливи ресурси за производство на струја, изјави Ковачевски.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Запленети 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во Скопје

НАЈНОВО

Хороскоп со Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 30 октомври

October 30, 2025

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk